20.8 C
Скопје
16 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Штрајкот на контролорите на летање во мирување до конечни оставки на директорите

Владата препорача да се разрешат двајца од тројца директори на М-НАВ и предложи нивна замена – попладнево за извршен директор го предложи Хекуран Асани. Синдикатот ќе го стави штрајкот во мирување додека чека конечно разрешување на раководството кое треба да го спроведе Надзорниот одбор на М-НАВ

Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да разреши двајца од тројца директори и тоа Фахрудин Хамиди кој до сега ја извршуваше функција- извршен директор и Љубе Стаменковски кој беше на позицијата секторски- технички директор.

 

Првично, во владината препорака до Надзорниот одбор беше наведено дека на нивно место треба да се назначат Илир Мехмеди и Милан Кораќ. Но, по информациите дека Мехмеди не ги исполнува условите (извршниот директор да има дозвола за надзор и контрола на летање, како и работно искуство од најмалку 6 години) Владата доцна попладнево (9 јануари) го предложи Хекуран Асани за претседател на Управниот одбор на М – НАВ.

„Хекуран Асани е вработен во М-НАВ А.Д. – Скопје од 2005, а од 2007 година ги извршува обврските на контролор на летање. Во 2010 година се стекнува со лиценца за извршен контролор, а од 2021 година е воедно и интруктор за областа контрола на летање (OJTI). Хекуран Асани како вработен во М-НАВ и долгогодишен контролор на летање, воедно ја извршува и функцијата на супервизор на контрола на летање“, соопштија од Владата.

Милан Кораќ на позицијата извршен директор во СВТ во М-НАВ доаѓа од позицијата раководител-инструктор за електроенергетика во М-НАВ. Претходно, Кораќ 14 години бил вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство, на позицијата раководител-инструктор за електроенергетика во секторот за воздухопловна техника. Милан Кораќ има повеќе од 25 години работно искуство во областа на воздухопловството, велат од Владата.

Според владиното соопштение само директорот Хасим Деари ќе ја задржи својата функција финансиски директор, кој на оваа позиција е ставен пред осум месеци.

Претходно, името на Стаменковски се спомнуваше во листата на петмината раководни лица кои први најавија дека ќе депонираат оставки поради проблемите и несоодветните вработување во М-НАВ.

М-НАВ е компанија во државна сопственост, која делегира задачи и одговорност за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.

Синдикатот на контролори на летање во М-НАВ бараше разрешување на Хамиди и Деари поради контроверзните одлуки за вработување на несоодветен кадар во компанијата кој не ги исполнува законски критериуми и потребните знаења.

 

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Related posts

КОВАЧЕВСКИ ЈА ОТФРЛИ ИДЕЈАТА ЗА ЗАЕДНИЦА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ

ninja

Реџепи: Немаме “План Б”, уставните измени мора да поминат

admin

ПОДКАСТ: Што мисли младината за своите партиски сениори? (ВИДЕО)

admin

100 дена на АзА во власта, Таравари: С.Македонија е многу подобра денеска

admin

Регистер со иматели на бугарско државјанство како нов попис

admin

Шолц: Германија е соочена со „невидени проблеми“

admin