4 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Незири за Фокус: Зошто ДУИ ги поразува сите ривали цели 20 години

Кои се причините за контиунираните политички успеси на ДУИ во изминативе 20 години, во последното издание на неделникот Фокус анализира новинарот и аналитичар Џелал Незири, кој посочува дека ДУИ победи на првите парламентарни избори во 2002 година поради придобивките од Охридскиот договор, постигнат по осуммесечен конфликт инициран од челниците на тогашната ДУИ под униформата на ОНА, откако, како што вели, ПДП и ДПА 10 години немаа резултати.

Но, заради Охридскиот договор, од кој се откажаа скоро сите потписници, ДУИ победи само во 2002 година. Во 2006 година таа веќе беше најдобро консолидирана политичка партија кај етничките Албанци. Со јасна политичка идеологија, со каузи комплементарни со евро-атлантските агенди и со малку среќа, ДУИ секогаш ги добиваше скоро сите избори – вели Незири.

Тој додава дека на парламентарните избори во 2011 и 2016 година, ДУИ победи поради неможноста да се обединат опозициските партии на етничките Албанци, кога, потсетува Незири, поделената опозиција доби повеќе гласови во однос на ДУИ, но на крајот ДУИ успеа да добие поголем број на пратеници поради изборниот модел.

-Еден друг важен елемент кој придонесуваше кон победите на ДУИ е нејзиниот капацитет за промени и внатрешни реформи. Многу генерации на политичари се променети од 2002 досега. Денес, ДУИ е толку реформирана што изгледа понова во споредба со новите партии кај етничките Албанци кои се појавија од 2013 година – истакнува Незири.

Во однос на албанската опозија, тој посочува дека Алијанса за Албанците, која се појави како антипод на ДПА, била затворена за промени и преземање на одговорност по неколку изгубени изборни циклуси.

Сепак, и АА не докажа дека е спремна за поинакво политичко делување. Од основање на партијата во 2014 како Движење за Реформа во ДПА, за во 2018 да се преименува во Алијанса на Албанците, оваа партија доживеа пораз од ДУИ на четири изборни циклуси. И покрај овие порази, во АА остануваат истите фигури – вели Незири.

Според него, БЕСА произлезе од ДУИ заради неможноста внатре да ја промовира конзервативната демократија, но набрзо почна да доживува пад поради неможноста една таква демократија да се применува кај нас, особено кај етничките Албанци, како и поради нивната поделба која, како што вели, извира во поделбата внатре во нивната конзервативна идеологија.

 

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Related posts

Мицкоски на средба со новиот претседател на Советот на ЕУ

admin

Приведени велешани, фалсификувале денари

admin

ПРОТЕСНА НОТА ОД БУГАРИЈА ПРИМИЛА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО СОФИЈА

ninja

Хенри Кисинџер објаснува како да се избегне третата светска војна

admin

ДКСК со иницијатива да се укине “балснсерот”

admin

На повидок битка за партискиот печат на АА

admin