29.8 C
Скопје
23 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Ќе продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ, рече Бајден по телефонскиот разговор со Зеленски

Претседателот на САД Џо Бајден вечерва зборуваше по телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски, и рече дека го брифирал за чекорите што САД планираат да ги преземат, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „воени операции“ во источна Украина.

Бајден рече дека го осудил овој „неиспровоциран и неоснован напад од руските воени сили“.

„Ме замоли да ги повикам лидерите во светот да зборуваат јасно против флагрантната агресија на претседателот Пути, и да го поддржат народот на Украина“, изјави Бајден по разговорот со Зеленски.

Во соопштението Бајден вели дека ќе ја следи ситуацијата во текот на ноќта, а утре ќе зборува со колегите од Г7 , по што САД и нивните сојузници и партнери ќе воведат тешки санкции кон Русија.

„Ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка и помош на Украина и на украинскиот народ“, рече Бајден.

Путин раноутрово најави почеток на воена операција во источна Украина, велејќи дека дејствува како одговор на заканите од Украина и ги предупреди другите земји да не интервенираат.

Тој во телевизиското обраќање околу 6 часот по локално време додаде дека оние кои се противат на руската акција во регионот на Донбас ќе се соочат со „последици какви што никогаш не виделе“.

Во исто време, неколку експлозии се слушнаа во главниот град на Украина, Киев, далеку од центарот на градот.

Поврзано

  • Слушнати експлозии во Киев, Путин најави воена операција во источна Украина

    Слушнати експлозии во Киев, Путин најави воена операција во источна Украина

  • Украина побара уште санкции за Путин и неговите помошници

    Украина побара уште санкции за Путин и неговите помошници

  • Бајден најави нови санкции против руските олигарси и банки

    Бајден најави нови санкции против руските олигарси и банки

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ДУИ и СДС веќе не е само закана за народните пари

admin

ЕКСКЛУЗИВНО: ЕУ со пакет на санкции против Косово

admin

ВУЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО КУРТИ ВО БРИСЕЛ – ИМАВМЕ ТЕЖОК СОСТАНОК

ninja

„Турбината“ на ЕУ врти и за македонските енергетски потреби

ninja

НЕИЗВЕСНОСТ И МНОГУ НЕРВОЗИ ПО САЈБЕР НАПАДОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

ninja

Суперјахта на Џеф Безос се закотви во Драч

admin