13.8 C
Скопје
27 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Зеленски предложи компромис: Украина е подготвена да прифати безбедносни гаранции, кои не вклучуваат членство во НАТО

Преговорите меѓу Русија и Украина продолжија иако претходните рунди не донесоа прогрес, изјави украинскиот претседател Зеленски. Тој во видео-порака рано во средата рече дека има некои знаци на напредок. „Средбите продолжуваат и, информиран сум, веќе звучат пореални позициите во текот на преговорите. Но, сè уште е потребно време за одлуките да бидат во интерес на Украина“, рече тој.

Зеленски во вторникот предложи компромис, велејќи дека Украина е подготвена да прифати безбедносни гаранции кои не ја исполнуваат нејзината цел да се приклучи на НАТО. „Ако не можеме да влеземе низ отворени врати, тогаш мора да соработуваме со здруженијата со кои можеме, кои ќе ни помогнат, ќе нè заштитат… и ќе имаат посебни гаранции“, рече Зеленски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е прерано да се предвидува дали мировните разговори ќе доведат до напредок. „Работата е тешка, а во сегашната ситуација веројатно е позитивен самиот факт дека разговорите продолжуваат“, рече Песков.

ОН соопштија дека бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина од почетокот на инвазијата достигнал 3 милиони.

Некои информации се од Асошиејтед прес, Франс-Прес и Ројтерс.

Related posts

НОВИОТ ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИД ЈА РАЗЛУТИ БУГАРИЈА

ninja

Македонија прва во Западен Балкан -Истраги за злоупотреби на ЕУ фондовите

admin

ШОЛЦ ОД ПУТИН БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА РУСИЈА ОД УКРАИНА

ninja

О’Саливен дојде со јасна порака за Србија: време е за воведување санкции кон Русија

admin

Ердоган се договара со Оган, неговите гласови се клучни за победа

admin

Ердоган – Продолжувањето на договорот за извоз на жито од Украина би било правилна одлука

ninja