5.8 C
Скопје
12 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Харис во Варшава најави нова хуманитарна помош за Украина; преговорите во Турција не донесоа напредок

За време на денешна прес-конференција во Варшава, американската потпретседателка Камала Харис најави над 53 милиони долари нова хуманитарна помош од владата на САД, преку американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), за поддршка на невините цивили зафатени во виорот од неиспровоцирана инвазија на Русија врз Украина. Таа порача дека САД продолжуваат да стојат со народот на Украина и ќе работат на задоволување на основните потреби и спасување животи.

Преговори во Анталија, Турција.
Преговори во Анталија, Турција.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се состанаа во Турција за да бараат дипломатско решение за конфликтот во Украина, прва средба на високо ниво откако Москва започна инвазија врз нејзиниот сосед пред две недели.

Турција со недели бараше улога во посредувањето.

Говорејќи на прес-конференција на крајот на разговорите во Турција, украинскиот шеф на дипломатијата Кулеба рече дека со Лавров не постигнале напредок во посредувањето за 24-часовен прекин на огнот, додавајќи дека се чини дека Русија ќе продолжи со офанзивата додека Украина не се предаде, нешто што, тој рече, дека Киев нема да го направи.

Најновиот дипломатски обид доаѓа во време на меѓународна осуда за воздушен напад во средата врз породилиште во украинскиот град Мариупол, во кој украинските власти велат дека загинале најмалку три лица, вклучително и дете. Русија негираше дека целела цивили во Украина, нарекувајќи ги наводите дека бомбардирала породилиште „лажни вести“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „геноцид“ и повторно го повика НАТО да воведе зона на забранети летови во Украина.

САД се спротивставија на предлогот, истакнувајќи дека зоната на забранети летови, како и намерата на Полска за префрлање борбени авиони од руско производство во американска воздухопловна база, а потоа, оттаму во Украина, ефективно ќе ги вовлече САД во директна конфронтација со Русија.

Виш американски официјален претставник од одбраната изјави дека САД се во разговори со Украина и другите „сојузници и партнери“ за да му обезбедат на Киев одбранбено оружје, кое не вклучува повеќе капацитети за противвоздушна одбрана.

Related posts

Заигра метлата на Рама, разрешување на министри и избор на нова спикерка на Собранието

admin

Јовески повикува на истрајност во борбата против криминалот

admin

С.Македонија со најмал број на возила во споредба со ЕУ

admin

СТАПУВА НА СИЛА ЕВРОПСКАТА ЗАБРАНА ЗА РУСКОТО ДИЗЕЛ ГОРИВО

ninja

Цензусот ќе пресуди кој ќе дава мандат за нова влада

admin

ВМРО-ДПМНЕ за понудата на ДУИ: Уставни измени со вакви фолирања нема да има

admin