9.8 C
Скопје
16 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ДВЕ СУСПЕНЗИИ ВО НАЈАВА ЗА „СЛУЧАЈОТ ОНИШЧЕНКО“

Првиот човек на АНБ, Виктор Димовски, треба да реферира за случајот со државјанството на Онишченко на затворена владина седница.

На двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, им се заканува суспензија поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко, кој добил македонско државјанство иако се наоѓа на црна листа на САД.За суспензијата ќе одлучува дисциплинска комисија во Агенцијата за национална безбедност(АНБ). Првиот човек на АНБ, Виктор Димовски, се очекува утре да реферира за случајот со државјанството на Онишченко и на затворена владина седница.  

„Побарав детален извештај врз основа на спроведена истрага или анализа согласно процедурите на АНБ и директорот да дојде да даде извештај на затворена седница на Влада. И тоа ќе се случи најверојатно во текот на утрешниот ден. Од затворена седница на Влада не може да се даваат извештаи и информации со оглед на казнивоста на давање такви информации“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Спорното државјанство било издадено врз основа на четири позитивни мислења доставени на седница на Влада од четири различни институции врз основа на кои тоа е доделено. Ковачевски вели дека „одговорност за случајот мора да има“.  Наскоро треба да биде именуван нов директор на АНБ за што е почнат процес на селекција, кој според Ковачевски треба да биде професионалец со долгогодишно искуство. Сегашниот прв човек на агенцијата, Виктор Димовски наскоро треба да замине како амбасадор во Франција. 

Истрага и за собранискиот пропуст 

Тој во петокот информираше дека испитуваат дали станува збор за изолиран случај или не, дали се работи за пропуст или некој намерен или лукративен интерес. „Не сакаме заради ваков случај, она што е сторено со макотрпна работа во изминатиот период да пропадне. Во зависност од тоа ќе се утврди дали ќе заврши со дисциплинска или кривична одговорност“, изјави Димовски. 

Интерната постапка за евентуален пропуст за случајот „Онишченко“ констатирала дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со НАТО партнерите пред да се даде позитивно мислење. „Лоциран е прстенот и поединецот што го ставил потписот и ќе се преземе одговорноста“, изјави Димовски, по прекинувањето на затворената седница на матичната собраниска комисија. На седницата се случи инцидент со тонски пренос во живо од отчетот на Димовски на Јутјуб каналот на Собранието, за што во тек е истрага во Собранието.

Пропустот во Собранието се уште се истражува. Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери посочуваат дека истрагата е во тек и дека штом Собранието добие официјални информации од Министерството за внатрешни работи, јавноста ќе биде информирана. Од МВР, пак велат дека случајот е пријавен во Секторот за компјутерски криминал и веќе се постапува по него.

Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, добил македонско државјанство на предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

Related posts

Приведени велешани, фалсификувале денари

admin

Нема Клинички центар како во Словенија со партизација од портир до директор

admin

СТУДЕНТСКИ ОТПОР: МОН ГИ ПРИМОРУВА СТУДЕНТИТЕ ПАК ДА СЕ РАДИКАЛИЗИРААТ

ninja

ДЕНОВИ НА ОДЛУКА ЗА АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА

ninja

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

admin

„Не можам да верувам дека зборувам за мојата мртва ќерка“: Потресна исповед на таткото на младата аргентинка која загина во Приштина

admin