31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

КУРТИ: ЗГОЛЕМЕНИ СЕ ЗАКАНИТЕ НА СРБИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА КОСОВО

Без разлика на настаните за време на викендот, работата на институциите на север продолжува, изјави косовскиот премиер Албин Курти на денешната прес-конференција. Неговиот коментар доаѓа по одлуката на претставниците на српската заедница во Косово да се повлечат од работата во институциите во Косово поради одлуката на Владата да започне со менување на регистарските таблички на северот од земјата.

„Институциите продолжуваат со својот ангажман за пререгистрација на регистарските таблички“, рече Курти.

Тој нагласи дека во последните денови се зголемени заканите и напорите на Србија и претседателот Александар Вучиќ за дестабилизација на ситуацијата на Косово.

„Овие закани се насочени пред се кон граѓаните на нашата земја преку сеење страв и паника“, рече тој и додаде дека Вучиќ во саботата се сретнал со амбасадорите на Русија и Кина.

„Она што сега се случува најдобро ги објаснува напорите на Белград да се спротивстави на француско-германскиот план. Не се работи за табличките, ниту за заедницата, ниту за суспензијата на Ненад Ѓуриќ. Станува збор само за одбивање на Србија да го признае предлогот на Париз и Берлин“, рече Курти.

Според него, Белград го отфрлил француско-германскиот план и „сега прави драма за да го маскира одбивањето“. Тој ја обвини Србија дека го саботира дијалогот и каков било договор.

„Ова не е патот кон мир, соработка или градење добрососедски односи. Таквите напори ќе бидат неуспешни затоа што нашата земја е силна и демократска“, рече Курти, додавајќи дека припадниците на српската заедница се во опасност од „Белград, кој ги изгоре нивните возила и куќи“.

Запрашан за формирањето на Заедницата на општините со мнозинско српско население, Курти рече дека на ова прашање одговара веќе девет години и дека нема нов одговор „на старите прашања“.

 

Related posts

Коридор 8: Скопје бара со Софија заедничко пробивање тунел

admin

Иран му се заканува на Израел поради претстојната копнена офанзива во Газа

admin

Сиљановска: Нема да дозволам да се поткопа безбедноста на државата по аферата со прислушувањето

admin

Фетаху: ВРЕДИ ми должи, без АзА немаше да постои коалицијата

admin

Молдавија висеше на конец – меѓу Европа и Русија

admin

Колку „тежи“ целата Влада, кои пет министри се најбогати а кои најсиромашни?

admin