22.8 C
Скопје
27 април, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

НОВИНАРИТЕ НЕ СЕ БОКСЕРСКА ВРЕЌА

Двајца функционери минатата недела се прославија со недолично однесување и закани кон медиумски работници зашто не им се допаѓала работата што колегите новинари ја сработиле. Но тие се само дел од низата. Новинарите, за жал, се навикнати на вакво однесување, но никогаш не престанаа да им го покажат местото на функционерите кои заборавиле кои се нивните обврски.

Пишува: Катерина Топалова

„Лице што врши некоја важна, одговорна општествена функција, тој што е на висока положба во некоја општествена организација, политичка партија и сл.“ Ова стои како дефиниција за поимот функционер.

Оваа дефиниција повлекува одговорност не само во работата туку и во однесувањето на ова лице. Одговорноста за отчет за сработеното, евентуалните новинарски прашања за злоупотреба, сомнежи или начин на работа.

Оваа дефиниција му налага на лицето кое се сложило да ја врши функционерската должност да го остави егото на страна, да има обврска да биде учтив, трпелив и умерен, да одговара прецизно и на време за да ја извести јавноста во намерата и работењето.

За жал, се` почесто се случува ново испилени функционери да не можат да го носат товарот на функцијата која се нафатиле да ја работат. Сметаат дека функцијата им дава сила и моќ да бидат над одговорностите, да постапуваат самоволно и да немаат трпение за новинарската љубопитност.

Примерот со двајцата функционери кои недолично се дрзнаа да навредуваат, пцујат и се закануваат на новинари се само дел од низата на ликови кои привремено се задржале на функционерските места и неславно се прославиле со нивниот лош карактер.

Почитувани, новинарската професија е значајна алка во општеството, колку и да се симнати нејзините стандарди! Не смее да биде игнорирана или омаловажувана зашто никој кој што го направил тоа не завршил како победник. Оти новинарите се лице на јавноста, а јавноста ви дава можност да бидете на позицијата на која што сте! Новинарите мораат да ја сработат работата, од тоа живеат, мораат да прашуваат оти тоа им е работата и задачата колку и да не ви се допаѓаат прашањата.

Постојат правила и доколку сметате дека некој новинар ги прекршил обратете се до здруженијата, синдикатите, советот за етика па и судовите. Постојат инстанци кои казнуваат и посочуваат, но тоа со сигурност не сте вие!

Пцовката или не дај Боже ударот врз новинарот значи удар врз сите медиумски работници, врз целата јавност! Тој удар и таа пцовка се враќа како бумеранг. Оти тоа значи дека вие не сте ја разбрале вашата одговорност и вашата задача, сте прекршиле дел од правилата кои сте се нафатиле да го почитувате кога сте дошле на таа функција.

Новинарите не се боксерска вреќа!

Related posts

Многу врева за ништо? Позиционирање на партиите во Северна Македонија и што да очекуваме од изборите во 2024 година

admin

Врвот на корупцијата

admin

Бродот што тоне

admin

БАЛКАНИЗАЦИЈА

admin

Европска бајка

admin

ЗИГЗАГ: ОМРАЗАТА КАКО АДУТ ЗА ПОБЕДА НА ИЗБОРИ

admin