30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

РОДНИНИТЕ ЧЕКААТ ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ЗА НЕСРЕЌАТА КАЈ СТРУМА

Една година од автобуската несреќа на бугарскиот автопат „Струма“во која загинаа 45 македонски граѓани, семејствата на загинатите се уште чекаат обесштетување и заокружување на судската постапка за „Беса транс“ во чија сопственост бил автобусот којшто се запали.

Семејствата на загинатите и преживеаните од автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата во која загинаа 45 патници, а седум беа потешко повредени. Тие поднеле барање за отштета од 750.000 евра против бугарската Агенција за патна инфраструктура и Бугарското здружение на осигурителни возила. Адвокатот на роднините на жртвите укажува дека во моментот на несреќата имало голем број технички неисправности на коловозот, погрешни ознаки и знаци, неквалитетни заштитни огради и асфалт, што влијаело на сообраќајната незгода.

Брзината главна причина  

Во декември минатата година, истрагата во Бугарија покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот. Бугарските истражители во јануари соопштија дека ја завршиле истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запали автобус на агенцијата „Беса Транс“ . Според бугарскиот заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата. „Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот и високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави Сарафов.

Случајот чека на раврска и во Македонија, каде во Основниот кривичен суд – Скопје на 15 ноември започна судењето за „Беса Транс“.Според обвинителството, со фалсификуван изводот од лиценца за меѓународен сообраќај автобусот лани во периодот од 10 јануари до несреќата во ноември 20 пати излегол од државата. Тој дури 10 пати поминал на „Деве Баир“ и возел на релација од Скопје кон Истанбул.

Управителот, Беким Хаџиу кој е обвинет за фалсификување извод од лиценца за вршење меѓународен патен сообраќај, изјави дека не се чувствува виновен.

Несреќата се случи на 23 ноември мината година, во раните утрински часови. Туристички автобус на компанијата Беса транс“ којшто од Истанбул се враќаше во Македонија, удри во ограда на бугарскиот автопат Струма, по што се запали. Меѓу загинатите имаше 12 деца.

Related posts

ВЛЕН: Владата е силно посветена на европската агенда

admin

Фетаи: Жал ми е што моите пријатели се „артанизираа“

admin

Стејт департмент: Помалите верски групи се жалат дека МПЦ-ОА и ИВЗ имале повеќе права

admin

Поделбите околу Иран ја тестираат кохезијата на НАТО

admin

Двајца вработени во израелската амбасада убиени во Вашингтон, осомничениот во притвор

admin

Трамп се закани со „многу силна акција“ ако Иран егзекутира демонстранти

admin