14.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ТИМ ОД ВАШИНГТОН ЌЕ „ЛОВИ“ КОРУМПИРАНИ ФУНКЦИОНЕРИ

Тим за санкции од САД ќе врши увид во поранешните и сегашните корумпирани функционери, по што ќе следува и соодветен одговор, соопшти американската амбасадорка Анџела Агелер на Твитер.

Тим за санкции од САД пристигна во Северна Македонија и ќе врши увид во поранешните и сегашните корумпирани функционери, по што ќе следува и соодветен одговор. Ова го соопшти американската амбасадорка Анџела Агелер на Твитер.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и обвиненија за да се покаже дека никој не е над законот“, порача Агелер на Твитер.

Ваквата посета следи амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во неколку наврати ја посочи корупцијата како еден од најголемите проблеми за развој на земјата. Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Балкан, Габриел Ескобар најави дека се предвидуваат санкции за корумпирани официјални лица од Балканот кои ќе бидат тргнати од одговорните позиции.

Стејт департментот и американското Министерство за финансии на 11 април годинава ги ставија на црна листа експремиерот Никола Груевски и поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков. Според Стејт департментот, нивните дела ги поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат јавната доверба во владата.

Скрининг процесот и напорите за забрзана интеграција на Северна Македонија во ЕУ ја кренаа на повисоко ниво агендата за бескомпромисна борба против корупцијата. Пораките коишто странските амбасадори во земјата ги упатија деновиве, најавија проветрување во сите сфери на општеството.

 

Related posts

Пет олигарси креирале хибриден центар против ДУИ?

admin

МОЖНИ ЛИ СЕ ПРЕГОВОРИ ЗА СТАВАЊЕ КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА?

ninja

МИЦКОСКИ -ВЛАСТА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ДАДЕ 33 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТРУЈА ОД СТРАНСТВО

ninja

БУГАРИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ОД СКОПЈЕ

ninja

ВЕТИНГ ТРЕБА, АМА КОЈ ДА ГО НАПРАВИ?

ninja

С.Македонија со најмал број на возила во споредба со ЕУ

admin