19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

НАД 20.000 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Бројот на загинати од земјотресите што опустошија широки делови на Турција и Сирија надмина 20.000 лица, а бледнеат надежта за пронаоѓање преживеани под урнатините на илјадници урнати згради.

Во Турција има 17.134 потврдени смртни случаи и уште 3.317 во Сирија, со што вкупниот број изнесува 20.451 загубен животи што го прави еден од најсмртоносните потреси во последните децении.

Повеќе од 75.000 луѓе беа повредени во двата последователни силни земјотреси, од 7,8 и 7,5 степени, што го погодија регионот рано во понеделникот. Безброј луѓе останаа без домови без пристап до основните добра и услуги, особено во Сирија која е разурната од војна и меѓународната помош бавно пристигнува.

Турската влада соопшти дека повеќе од 100.000 луѓе ги проверуваат урнатините веќе четврти ден, вклучително и тимови од странство. Турската државна телевизија ТРТ пак извести дека околу 8.000 луѓе досега биле извлечени од урнатините во Турција.

Обединетите нации објавија дека земјотресот со јачина од 7,8 степени кој ја погоди Турција беше најсилниот во таа земја во повеќе од 80 години.

Related posts

Ибрахими: ВЛЕН не е политички калкулатор

admin

„Огнените“ и официјално поднесоа барање за отстранување на дефиницијата „20 проценти“

admin

Ќучук: Без уставни измени, Северна Македонија ризикува да биде одвоена од Албанија

admin

Жерновски бара истрага за врските на Владата со Унгарија

admin

Европа подготвува мисија за Ормус, и покрај противењето на Трамп

admin

Над илјада институции не кажуваат колку возила имаат

admin