17.8 C
Скопје
27 февруари, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

ЗА „МАЛИТЕ НЕШТА“ ПРЕКУ ПОЛИТИКАТА

Институциите не се најголемиот виновник за оваа состојба. Граѓанското општество е тоа што не направи доволно, а медиумите им дадоа простор на уметниците кои го промовираат криминалот како тренд, а криминалецот како „кул“. Што треба да се направи?

Пишува: Џелал Незири

Не е лошо да се зборува за политика, а уште помалку да се има интерес за неа. Политиката е процес кој го обликува јавното мислење, ги легитимира идеите и спроведува проекти. Платон вели дека „една од казните за одбивање да се учествува во политиката е да се прифати управување од неуки“. Перикле вели дека „тоа што не те интересира политика не значи дека ти не си интересен за политиката “.

Интересот за политика и учеството во политиката значи интерес или учество во менување на нештата кои не функционираат, подобрување на квалитетот во образованието, здравството, земјоделството, безбедноста… и пред се е учество во одредувањето на колективната иднина. Тој што не е заинтересиран за политиката тој не е интересиран ниту сегашноста, ниту за иднината. Тоа, всушност, го сакаат политичките партии. Колку е помал интересот за политика, толку им е поудобно.

Сепак, има и други работи кои одат преку политиката. Тие се појави кои не стануваат предмет на третман во јавната сфера, во која спаѓа и политиката. Тие се многу ниско на она што се нарекува јавна агенда, или листа на приоритетни теми за едно општество. Има „мали теми“ кои не добиваат соодветен третман, исто како и „големите теми“.

Една од нив е масовната дистрибуција на дрога во средните училишта и универзитетите. Има информации дека дилерите почнале да го „прошируваат пазарот“ дури и во основните училишта. Медиумите ретко известуваат за губење на свеста на учениците во училницата поради предозирање. Навистина вознемирувачки феномен кој бара поширока посветеност, не само политичка или институционална. Статистиката е застрашувачка: секоја година бројот на корисници на дрога се зголемува за 20 проценти. Само во Тетово и околните општини официјално се регистрирани близу 500 корисници на дрога, но нивната реална бројка е некаде над 4.000. Иста состојба ја имаме и во другите градови.

Ова зборува за зголемување на побарувачката на пазарот, што ја трансформира Северна Македонија од транзитна земја во дестинација. Кога има зголемување на побарувачката, има и зголемување на понудата. Зголемувањето на понудата доведува до делување на различни криминални групи. Овие групи го уништуваат секој збир на вредности во едно општество бидејќи го промовираат моделот на криминалецот, „брзото богатење“ и го уништуваат култот на образованиот и морален човек. Само слушнете ги повеќето песни произведени во модерни жанрови и ќе разберете што се промовира како „правилен модел“. „Кокаин“, „криминалец“, „брзи пари“… ова се зборови кои најмногу може да ги сретнете во тие хит песни за младите.

Институциите не се најголемиот виновник за оваа состојба. Граѓанското општество е тоа што не направи доволно, а медиумите им дадоа простор на уметниците кои го промовираат криминалот како тренд, а криминалецот како „кул“.

Што треба да се направи? Навистина се бара поголема посветеност и соработка во односот институции-медиуми-граѓанско општество-универзитети. Не треба да оставиме младите да го следат моделот на криминалци и корисници на дрога за да изгледаат „кул“. Потребно е да се промовира уште еден модел кој мора да се следи, каде што „кул“ би бил човекот на знаењето, успехот, науката, но и чесниот работник, добриот занаетчија, вредниот земјоделец, вештиот електричар… Овие проекти не треба да почнат утре, ниту денес, туку вчера.

Related posts

ВО ПРЕСРЕТ НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

admin

КАДЕ СЕ КРИЈАТ РУСКИТЕ ШПИОНИ ВО МАКЕДОНИЈА?

admin

НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО СО САМО ЕДЕН ПРАТНИК ПОВЕЌЕ!

admin

ШТАНЦАЊЕ ДИПЛОМИ ЗА ФУНКЦИОНАЛНО НЕПИСМЕНИ

admin

ШТАЈНМАЈЕР: НЕ СЕ ВРАЌАЈТЕ НАЗАД ОД ПОСЛЕДНИТЕ МЕТРИ

ninja

Новиот македонски патриотизам

admin