14.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПРОВЕРКИ НА ТЕРЕН – СЕ ПОЧИТУВА ЛИ ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ?

Повеќе од 160 инспектори од изутрината се на терен и вршат проверки дали се почитува владината мерка за намалување на цените на одредени производи. По лебот, од денеска со пониски цени ќе можат да се набават и тестенините и млечните производи, а нов пад на цените се најавува и од идната недела – со кој треба да бидат опфатени шеќерот. јајцата и оризот.

„Државниот пазарен инспекторат постапува со полн капацитет. Досега има намалување на цените и од утрово нема нерегуларности“, вели директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши посети скопски маркет по повод владините одлуки за новите, замрзнати цени на тестенините и млечните производи.

Димитар Ковачевски Македонија
Премиерот Ковачевски пазареше во скопски маркет за да ги провери ценитеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Ковачевски си испазари млеко, леб, макарони од маркетот, а за целата сметка плати 328 денари.

Високи казни 

ДПИ ќе ги објави имињата на субјектите ако утврди нерегуларности зашто одлуките се во интерес на граѓаните. „Ова нека биде поттик трговците самосвесно да ги намалат цените“, вели Трајковски. Санкциите за непочитување на мерките се високи од 800 до 10 000 евра.

Димитар Ковачевски Македонија Маркет
Премиерот Ковачевски пазареше во скопски маркет за да ги провери ценитеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Цените се намалени  за 15 отсто на тестенините и за 10 проценти на млечните производи. Според премиерот Димитар Ковачевски, намалувањето на цените на овие производи битно ќе влијае врз џебот на граѓаните. „Се покажа дека владините одлуки се исправни. Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Очекувам компаниите да имаат разбирање за општото добро“, вели тој.

Нови цени и за шеќерот, јајцата и оризот

До крајот на наредната недела Министерството за економија ќе подготви информација за секој производ и согласно тоа ќе се креираат нови мерки кои ќе следуваат најверојатно во април. Мерките ќе бидат насочени кон стопанството и граѓаните. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шеќерот, јајцата и оризот.

Related posts

ДУИ мета на критиките за корупција, почна ли предизборната кампања?

admin

Лидерите повикуваат да се избегне ескалација по иранскиот напад врз Израел

admin

ВМРО-ДПМНЕ за понудата на ДУИ: Уставни измени со вакви фолирања нема да има

admin

Судбината на Балканот до 2030 откриена во Брисел: Еве што подготвуваат лидерите зад затворени врати!

admin

ЕУ И АЛБАНИЈА ОДРЖАА СОВЕТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА

ninja

Објавени податоците од пописот за 2023 година, Албанија со минус 429 илјади жители

admin