30.8 C
Скопје
19 јули, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

На погреб на мртвите работници од Коридор 8

Пишува: Ерол Шакири
До таму оди патетиката од хистеричната расправа за промена на законот за работни односи за потребите за изградба на Коридор 8, што на мој коментар за промена на член 117 и давање законска можност за повеќе прекувремени часови, од 8 на 20 часа неделно (кои се разбира се на доброволна основа) добив коментар од типот „дали сум бил спремен да одам на погребот на работниците кои ќе почнат да умираат“ поради евентуалното зголемено прекувремено време. „Што да се рече а да не се заплаче“?
Според некои статистики секој десетти жител на планетата работи повеќе од 60 часови неделно. Просекот на ЕУ и светскиот просек за регуларни работни часови е 40 во неделата, таа и кај нас според законот за работни односи, член 116. Тој член не смее да се менува секако, но пожелно според мене е да се отвори законска можност за прекувремени часови, не заради договорт со Бехтел туку заради можноста работникот да заработи повеќе за времетраењето на овој огромен проект. Секој кој се чувствува физички и ментално спремен и желен да заработи повеќе затоа што прекувремените часови се плаќаат значително повеќе би можел да ја искористи можноста. Видете, не сите работоспособни лица се високо квалификувани или пак имаат повеќе можности за дополнителна заработка.
Можностите на обичниот работник во градежната индустрија се ограничени, дополнителната заработка секако им зависи од можноста за дополнителна работа, па така како пример еден водоводџија кој работи на градежен проект за одредена плата која можеби е недоволна ни за основните месечни потреби, дополнитениот приход го бара и наоѓа давајќи индивидуални услуги според струката на домаќинствата, секако после неговото работно време. Водоводџии, струјаџии, молери, столари, физички работници. Не секој ја има можноста или знаењето да седне да напише проект, студија, анализа, компјутерска програма, да одржи предавање, семинар и тн. за дополнителен прилив на средства.
Физичката и менталната способност опаѓаат со годините, од 20-40 години се во просек годините кога човек може да даде „се од себе“ за дополнително да заработи. Во денешно време како сме сите свесни, „обичната плата“ не стига за кола, куќа, стан, море, скијање и тн. Зошто тоа да не им се дозволи на оваа категорија на работници, секако дополнителната работа е на доброволна основа, а јас гарантирам дека доколку се даде законска можност 99% од работниците на вакви и слични проекти ќе ја искористат. Кога се работи пак за безбедоносни стандарди (се дадоа и доста коментари дека работниците ќе се повредувале поради прекувремените часови), она по што се разликуваат американските компании се строгите правила за безбедноста на работниците на работното место кои се налагаат и на „субконтрактори“. И секако ова го зборувам од лично искуство работејќи 10 години за американска компанија, патем речено по 84 часа неделно (60 е „мачкина кашица“), и уште не сум умрел. Па се споменуваат и примери од Шведска, Финска, а да ви дадам јас примери од далечниот Исток, Азија, Африка (исто така од лично искуство), да ви објаснам како се работи, може? За стандардот и квалитетот пак на сработеното, доволно е да запалите кола и да отидете до Приштина, се ќе ви биде јасно.
Но, не се работи овде секако за прекувремените часови, се работи за отпорот кон самиот проект, кој е најголем инфраструктурен проект во поновата историја на државата. Север-Југ сме поврзани, што ќе ние Исток-Запад. Па ќе речат, но „матен“ е договорот (позади кои стојат Американците патем речено), а секако не беше „матен“ договорот на Груевски со провизиите од „жолтите“, „Миле, да не се малку бе“? Еве некој од критичарите нека ми одговори на следново, кое според мене е дијагноза за македонското општество, Македонецот не може да преживее со добри вести и мора да опструира секоја идеја која би не придвижила напред, за се, не само за овој проект. Секогаш се прават анализи, дебати и критики, зошто нешто не треба, а не зошто нешто треба. Зошто Бугарите не смеаат во Уставот, зошто, 20% не треба да се смени, зошто договорот за овој проект не чини, на сите медиуми и не само на медиумите, цели невладини организации, аналитичари, професори и тн. се кренаа да дебатираат „зошто не“. Еве имате утре можност да дебатирате кои се ризиците од носење на новите предложени закони. Може ли некој да оговори ЗОШТО ПОБОГУ нема ниту една анализа за тоа кои се придобивките од изградба на Коридорот 8, економските бенефиции од истиот, работните места, работата за домашните компании, брзиот проток на луѓе и стоки, економските придобивки воопшто во периодот што следи по изградбата на истиот, „олеснетиот живот“ на граѓаните од западна Македонија, зошто? Се трошат пари на донатори и спонзори за анализи и дебати „зошто не“, а не се прават анализи и дебати „зошто да“? Секако и владата е крива со не можноста за ПР, така беше и со над милијарда евра помош за време пандемијата, така беше и за сегашната криза со електрична енергија, субвенциите кои државата сеуште ги дава, така е и со најголемиот инсфраструктурен проект во државата.
Затоа во времето на Груевски беше многу поедноставно, прво се најавуваа проектите на сите медиуми, потоа се пишуваа текстови пофални во одбрана на истите, па следеа секојдневни дебати со разни аналитичари за тоа колку се добри тие проекти на владата на Груевски, па самиот тој и неговите министри беа по телевиззите 24 часа на ден рекламирајќи ги истите, се сеќавате нели, не беше толку одамна. Критичари, кои критичари, а имаше некои ретки да, ама тешко дека можеа да припарат на дебата во мејнстрим медиумите, убави времиња беа тоа.
Видете, реално да зборуваме, па и не ни треба овој Коридор 8, Бугарија на исток ни е најголем душман, на запад живеат Албанците, научени се на „селски пат“ Гостивар-Тетово да плаќаат 3 патарини, Белград-Солун ни е се што ни треба.
(Превземано од Фјесбук профилот на авторот)

Related posts

Фискално одржлив и таргетиран: Деветти пакет антикризни мерки за поддршка на најранливите и стопанството

admin

Терор врз Израел и слободна Палестина

admin

Мерко е на црна листа, кому му е редот

admin

Во корист на сопствената штета

admin

Ѓорѓи Марјановиќ

admin

Another BRICS in the World

admin