19.8 C
Скопје
12 мај, 2024
Inbox7.mk
СВЕТ

Има луѓе во Кремљ кои не сакаат Северна Македонија да оди кон ЕУ, рече Рубин

Од тимот на Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот нема коментар за пораките кои стигнаа од амбасадата на Руската Федерација во Скопје a се однесуваат на посетата на Џејмс Рубин на земјава и неговите изјави за односот на Кремљ кон Западен Балкан.

Се чини дека Центарот за глобален ангажман реши да одмолчи на обвинувањата на руските дипломати во Скопје кои остро реагираа на настапот на Рубин пред медиумите во кој тој ја посочи Москва како главен извор на дезинформациите на Балканот.

„Бараме затворање на Џејмс Рубин поради неговата флагрантна контрадикторност со принципите на слободата на говорот, дипломатската пристојност и здравиот разум“, напиша Руската амбасада на Твитер.

Рубин, кој ги координира активностите на Стејт департментот во справувањето со дезинформациите, изминатите денови во Скопје се сретна со државно владиниот врв за да разговара како САД и Северна Македонија треба да соработуваат во справувањето со овие појави. Неговата порака е дека зад дезинформациите стои Кремљ и токму на тоа се должи острата реакција на руската амбасада.

„Сигурен сум дека има луѓе во регионот и во Кремљ кои не сакаат напредок во процесот што ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да оди напред кон ЕУ. Сигурен сум дека седат некаде и размислуваат што да преземат за да направат проблем. Би кажал дека просторот овде е сериозно „затруен“ пред се од руски дезинформации. Претседателот Путин мислеше дека може да ја освои Украина и да ја подели Европа, но не успеа. Но, тоа не значи дека Русија не продолжува да го шири `отровот` на дезинформација и поделби“, рече Рубин.

Во неколку наврати врвни претставници на државата потврдија дека имаат сознанија дека земјава е цел на дезинформации кои имаат руска позадина. На средбите со Рубин, шефот на државата и премиерот се согласиле дека дезинформациите имаат потенцијал да влијаат врз процесите во земјава и во светот, дека претставуваат закана за националната безбедност и дека Северна Македонија е посветена да ги зајакнува своите капацитети и отпорност.

Related posts

Истражување на Политико: Фон дер Лајен ги привилегирала германските компании

admin

Хенри Кисинџер објаснува како да се избегне третата светска војна

admin

Шолц: Германија е соочена со „невидени проблеми“

admin

ЕУ организира 6 нови хуманитарни летови со воздушен мост за Газа

admin

Путин победи на брутално лажирани избори

admin

Германски печат: „Опасен курс на Балканот – а Берлин молчи“

admin

Leave a Comment