11.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Вучиќ и Орбан ги набљудуваа воените вежби во Србија

Лидерите на Србија и Унгарија денеска ги набљудуваа воените вежби на воениот аеродром во предградието на Белград во време кога војната во Украина е во тек, а регионот на Западен Балкан се соочува со тензии.

На овие вежби учествуваат борбени авиони од руско производство, хеликоптери МиГ-29 и Мил, но и руски противвоздушни системи и беспилотни летала, кои Србија неодамна ги прифати.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан допатува во Србија во ненајавена посета. Тој беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека е среќен што „уште еднаш ќе му посака добредојде на голем пријател на Србија“.

„Српско-унгарските односи се на највисоко ниво во историјата на нашите земји“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

И двајцата лидери одржуваат политички и економски врски со Русија, и покрај агресијата на Москва во Украина. Нивните односи со Москва беа причина за несогласувања со европските земји и со САД. Иако Србија официјално се залага за влез во Европската унија, Вучиќ одби да се приклучи на меѓународните санкции против Русија или јавно да ја осуди војната во Украина.

Иако Унгарија е членка на ЕУ и НАТО, Орбан ги критикуваше санкциите против Москва поврзани со војната. Неговата влада, исто така, рече дека нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во Унгарија, и покрај тоа што рускиот лидер има налог за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд за наводни воени злосторства во Украина.

Воените вежби се одржаа на еден ден пред вонредните локални избори на северот на Косово кое прогласи независност во 2008 година. Србија не го признава Косово како независна држава.Одржувањето на избори на северот на Косово, населен со мнозинство Срби, го зголеми стравот од можни инциденти. Главната партија на Србите во Косово, Српска листа, не учествува на овие избори и повика на нивен бојкот.

Related posts

А1он: Двајца пратеници на СДСМ нема да ги гласаат уставните измени

admin

Искрениот извештај на ЕК различно се толкува од власта и опозицијата

admin

ЕУ бараше со години, Владата конечно реагира: Доаѓа закон за високите раководители

admin

Универзитетот и бизнисот на едно место – нови можности за студентите

admin

Меџити одбележа 24 години од Охридскиот рамковен договор со коктел во Скопје

admin

Кина го фаќа чекорот со САД: Бесплатен модел ја вознемири Силиконската долина

admin