14.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Османи му одговара на Мицкоски по обвинувањата дека “се редефинира државата”

Шефот на македонската дипломатија и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, во своето вечерашно учество во емисијата „360 Степени“ на Алсат оцени дека земјава доцни со отпочнува на јавна дебата по однос на прашањето за уставните измени, додавајќи дека сѐ уште е рано да се процени дали во Собранието ќе има услови за нивно усвојување,  пренесува Инбокс7.

„Мислам дека е прерано да се направи објективна проценка дали имаме или немаме услови за уставни измени затоа што уште не е почната официјалната јавна дебата по однос на конкретните формулации. И тука, ќе кажам личен став, мислам дека доцниме. Инсистирам тоа да се случи што побрзо“, рече Османи.

Албанците никогаш не биле причина државата да кочи на евроатлантскиот пат, па не би сакале ниту сега, вели Османи, запрашан за став по најавите од Работната група ангажирана за уставните измени, дека темата за замена на 20% во Уставот не е на дневниот ред .

„Ако успееме да најдеме консензус, би било добро и во интерес на сите, за преименување на 20%. Ако не можеме, не би сакал да бидеме алиби за Мицкоски и компанија, да ја спречи европската иднина на државата. Никогаш Албанците не биле причина оваа држава да кочи на евроатлантскиот пат, не би сакале и во оваа критична точка кога земјата се наоѓа на крстопат“, рече Османи.

Related posts

СИЛНО ЕХО ПО ПОТЕРНИЦАТА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ЗА ПУТИН

ninja

Ковачевски: Добро е што опозицијата не е против уставните измени

admin

100 дена на АзА во власта, Таравари: С.Македонија е многу подобра денеска

admin

Разрешување на Јовев: Политички реваншизам или злоупотреби?

admin

Отворањето на Уставот се наметнува како клучно политичко прашање за 2023

ninja

Мицковски: Ќе направам се ДУИ да оди во опозиција

admin