30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Ангеловски и Мицковски: Државата да не се меша на слободниот пазар

Слободниот пазар треба секогаш да биде слободен, да има можност за повеќе понуди и зголемена конкуренција. Тоа е основно економско правило и секогаш апелираме да одиме во тој правец, да се избегнуваат процедури кои ќе фаворизираат одредени процеси или субјекти и да им се даде шанса на македонските компании да дојдат до еднаков и фер третман во нашата земја во однос на сите економски проекти.

Ова се дел од заклучоците и пораките кои ги упати претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски на работната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која се разговараше за тековните економски состојби во нашата земја, вклучително и изградбата на капитални и инфраструктурни проекти, а со главен со осврт на коридорите 8 и 10Д како неминовна тема која се наметна на состанокот.

„Ние како Сојуз на стопански комори отсекогаш сме се труделе да бидеме максимално транспарентни и да ги сослушаме сите политички и економски субјекти во нашата земја, за тоа какви размислувања имаат по однос на актуелните економски случувања и перспективи. Секогаш максимално транспарентно и ефикасно бараме спроведување на законските прописи и процедури во земјава. Исто така апелираме дека слободниот пазар е она богатство кое го имаме со поставувањето на темелите на нашата република, слободниот пазар треба секогаш да биде слободен и да понуди зголемена конкуренција и добробит за сите учесници во економските процеси и за сите жители на нашата држава .“, се вели во соопштението на ССКМ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го брифираше Сојузот на стопански комори за тековни економски случување и за нивните ставови во однос на актуелните економски случувања во земјата, како и изградбата на делови од коридорите 8 и 10Д.

Related posts

СТРАЗБУР ЗАСЕГА НЕ ГИ ОСЛОБОДИ ОД ГОНЕЊЕ ГРУЕВСКИ И ДРУГИ ЕКС-ФУНКЦИОНЕРИ

ninja

СДСМ најави „бомби 2.0“

admin

Бугарски аналитичар: Наместо блокади, Бугарија треба да се бори против македонизмот

admin

По еден тежок ден, британскиот премиер Стармер вети дека никогаш нема да се откаже од функцијата

admin

Ахмети со писма го алармира меѓународниот фактор, повикува на заедничка акција

admin

Разрешување на Јовев: Политички реваншизам или злоупотреби?

admin