20.3 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

Германија – колкав дел од платата ви оди за кирија?

Според последните податоци на Сојузниот завод за статистика во Визбаден, 1,5 милиони домаќинства во Германија минатата година потрошиле повеќе од 50 отсто од нето приходот на кирија без режиските трошоци, пишува ДВ.

Дополнително 1,6 милиони домаќинства потрошиле меѓу 40 и 50 отсто од својот приход за кирија. Ова, како што заклучија статистичарите, значи дека 3,1 милион домаќинства во Германија се многу оптоварени со трошоци за домување над просекот.

Просечниот процент којшто 19,9 милиони домаќинства го издвојуваат за кирија е 27,8 отсто. Статистиката не покажува прецизно дали луѓето кои трошат натпросечна сума за стан се граѓани со средни приходи кои живеат во екстремно скапи недвижнини или граѓани со пониски приходи кои живеат во просечно скапи станови. Експертите, пак, претпоставуваат дека во најголем дел од случаите се работи за граѓани со помали примања. „Финансиското оптоварување на домаќинствата со пониски приходи е драматично, особено во поголемите градови“, вели Себастијан Далиен, научник од Институтот за истражување на макроекономија и економски раст (ИМК), институција блиска до фондацијата Ханс Боклер.

Тој вели дека е алармантен податокот дека минатите години е зголемен процентот на граѓани кои издвојуваат поголем дел од своите приходи за кирија.

Related posts

Живковски: Катастарот одзеде лиценци на пет геодетски фирми, ревизорите ја проверуваат работата

admin

Лидерите на проширената група БРИКС се собираат на самит во Рио

admin

Петрушевски ја критикува СДСМ за „театар и циркузи“, истакнува решителна борба со криминалот

admin

САМИТ КОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОПУШТИ

ninja

800 бродови заробени, 20.000 морнари во неизвесност – кризата во Заливот ескалира

admin

Таравари: Ноќните пазари излегуваат на виделина

admin