20.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Меџити: Не сме се самоисклучиле од ДУИ, партијата е заробена од узурпатори

Изет Меџити е еден од 5-те членови на Централното претседателство на ДУИ, за кои тој во вчерашното соопштение се велеше дека сам си заминал од партијата. Но тој денеска вели дека тој став на партијата  е нелегитимен бидејќи не е заснован на партискиот статут.

„Некој во ДУИ тајно ги организира состаноците и не поканија да дебатираме пред да излезат со заклучок за самоотстранување“, вели Меџити. „Сите сме избрани на редовниот партиски конгрес, со редовна процедура, сме избрани на тесно раководни позиции во генералниот совет и тоа мора да го направат низ демократска процедура. Треба да го повикаат Советот или вонреден Конгрес да одлучи на дневен ред да стави точка да се разрешат тие што придонесуваа за ДУИ 20 години“.

Меџити вели дека тој и колегите од фракцијата ќе продолжат да бидат дел од ДУИ, користејќи ги сите демократски форми и нема да се откажат од структурите што ги развија, но не само во Чаир и Сарај.

„Нашите барања господинот Ахмети ги оквалификува како ултиматуми, или како огромни неприфатливи барања, кои ќе служат за зајакнување на ДУИ. Но, во исто време гледаме ултиматум од Стојанче Ангеллов, кој нема ни пратеник во Собранието, само за да не ризикува 4-5 илјади гласови за неговиот партнер СДСМ, прифатен е ултиматумот за бранителите, заборавајќи ги војниците на ОВК. Сето ова покажува дека ДУИ е заробена од диво месо и платеници, узурпатори кои се таму за интереси и функции“, изјави Меџити.

 

Related posts

Кога Лукашенко го повика Пригожин, германските шпиони ги прислушувале

admin

Ердоган: Никој не може да го спречи “Векот на Турција”

admin

Статистика: Пораст на трошоците за живот

admin

БОРЕЛ: ВУЧИЌ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ЕУ, НО НЕ И КУРТИ

ninja

Изет Меџити за РСЕ: Ќе се војува против корупцијата

admin

Русија забележува пад на поддршката на САД за Украина

admin