30.8 C
Скопје
23 јуни, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Матна вода

Од теориска наобразба, до пракса! Чисти сметки! Чартер лет за Софија, медицинска нега, доедукација, по можност стан или вила во околината на Софија или негде на Црно Море, сето тоа придружено со фото сесија со бугарскиот државен врв… И на крај ќе ни го спакуваат и овој случај и ќе ни го вратат назад како иден Амбасадор на мирот!

 

Пишува: Катерина Топалова

Добро е што не го претепа Македонец, би рекле многумина… Во спротивно ќе очекувавме повторни драмолетки од соседна Софија, во одбрана на бугарското самочувство во Македонија, кое наеднаш почна да зазема некакви чудни димензии?! За нас можеби чудни, но за оние – креаторите, би рекла секојдневни… Поглавје од прирачникот – како успешно се шири говор на омраза.

Дали случајот со претепаниот Бекир Кадриоски треба да не загрижува? Министерството за внатрешни работи, сигурно нема да остане индиферентно кон уште еден „Пендиков – случај“ во Македонија… Тоа го знаеме со сигурност, особено по експресната реакција! Како и оплакувањето дека станува збор за етничко насилство, а токму етничкото насилство е форма на политичко насилство кое е мотивирано од етничка омраза и етнички конфликт. Но дали во случајот со Кадриоски можеме да констатираме такво нешто?!

Изгледа почна да станува пракса, особено меѓу членовите на бугарските клубови во Македонија, се почесто да стануваат жртви на насилство, како последица од физички пресметки со небулозна и недоволно кристализирирана позадина, и се со единствена цел – да предизвикаат говор на омраза и идна евентуална предност при оправдување на некакво идно вето. Од теориска наобразба, до пракса! Чисти сметки! Чартер лет за Софија, медицинска нега, доедукација, по можност стан или вила во околината на Софија или негде на Црно Море, сето тоа придружено со фото сесија со бугарскиот државен врв… И на крај ќе ни го спакуваат и овој случај и ќе ни го вратат назад како иден Амбасадор на мирот!

Не само што Македонците не го користат во својот секојдневен речник зборот „мрсник“, најмалку пак Албанците во Македонија го употребуваат истиот збор, кога ќе сакаат вербално да навредат некого… Алудирам на оние петтемина од струшко Велешта кои го претепале и сочно го навредиле претепаниот, кој за ваквото етничко насилство се пожали пред бугарските мејнстрим медиуми, кои пак кренаа уште една ала пендиков узбуна. Албанци тепат Бугари во Македонија, во име на Македонците?! Арно ама, ако коза лаже рог не лаже… До каде ќе оди ваквата добро смислена шизофренија, која ќе треба да отвара и затвора поглавја, ќе видиме?!

За играта да биде повозбудлива се јавија и најповиканите, кои изјавија: Со предизвикани инциденти во Република Северна Македонија, Русија го дестабилизира Балканот! Камелеонство на какво може да му завиди само оригиналот! Биографијата на претседателот на струшкиот клуб, целосно се вклопува во приказната. Не мислам на Кадриоски, туку на оној од Хасково… На заблудените европејци мора уште еднаш да им се објасни тврдата позиција на бугарската политика и општество кон Македонија, со полно право за вето, се додека Македонија не се најде во иста позиција како со Грција, клекнувајќи на колена пред сите грчки барања. Е вака на јаве изгледа влажниот сон на Бугарија. Остатокот со кој се занимаваме не е ништо друго, освен обичен фолклор, во кој „Шемето“ и сличните клубови низ Македонија, никнаа ко печурки, токму заради вакви работи. Да продуцираат проблеми…

Кутриот Бекир, отиде до таму што своето вековно бугарско потекло, сега ќе ни го продава како автохтоно, изворно, а не како новоосознаено какво што и впрочем му прилега. Но ете не би сакала да влегувам во детали во нечија приватност и интима. Знаејќи само дека е од Лабуништа, јасна е приказната.

„Времето на сите ни дава можност да се промениме, да го промениме нашиот систем на верување и да создадеме нови перспективи кои го предизвикуваат карактерот на една личност и го учат како да стане посреќна и помудра личност.“ Се чини ваквата мисла и најмногу одговара на дадениов случај, кажано со целосна иронија.

И покрај сите недоумици, нејаснотии или пак очекувања и предвидувања, главното прашање на кое сите треба да дадеме одговор е како да се справиме во иднина со ваквите и слични провокации, кои од индивудуални стануваат општествени, проблеми кои можат да иницираат и меѓудржавни инциденти?! Да! Знаеме да негодуваме на малите провокации, но затоа пак на големите зла секогаш им се покоруваме!

Related posts

Опасна политичка апатија

admin

На Полска повторно и се заканува тиранин. Овој пат Европа не смее да го тргне погледот

admin

ЧЕТИРИ ПРИОРИТЕТИ ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ИДНИНА

admin

ДОСТОИНСТВО

admin

Нуклеарен армагедон: Земјата ќе биде запалена а бетонот ќе се топи

admin

Историјата фрла долга сенка врз плановите за проширување на ЕУ

admin