24.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Разрешен Иван Гешев

Бугарскиот Врховен судски совет на 12 јуни гласаше за смена на Иван Гешев од функцијата главен обвинител. Оваа одлука е донесена по речиси еден месец откако започна постапката за разрешување на Гешев. Одлуката беше донесена по предлог од четворица членови на Обвинителството поради неговиот говор на 15 мај на прес-конференција на која го употреби изразот „политичко ѓубре“, јавува РСЕ.

Според членовите на судскиот совет, со овие зборови главниот обвинител го нарушува угледот на правосудниот систем во Бугарија.

Следниот чекор по оваа одлука треба да го направи бугарскиот преседател Румен Радев кој треба да потпише указ за негово разрешување. За тоа потпишување на таков указ не е предвиден рок.

Во понеделникот Врховниот судски совет со 16 гласа „за „ и 4 „против“донесе одлука за разрешување на Гешев, кој ја напишти седницата за како што изјави да отпатува во Стразбур. Тој во својата одбрана пред разрешувањето изјави дека таквата изјава ја дал во „емотивна состојба“ поради настаните од почетокот на мај, односно по експлозијата која настана во колоната со возила низ која тој поминувал.

По овие случувања во мај, Гешев побара оставка од еден од неговите заменици – Борислав Сарафов и порача дека е време народот да го исчисти „политичкото ѓубре“ од Парламентот.

По овие случувања политичките партии ГЕРБ и ДПС побараа оставка од Гешев, а шест членови на Врховниот суд поднесоа предлог за негово разрешување.

Во меѓувреме во позадина во Бугарија продолжуваат напорите за формирањето на новото владејачко мнозинство меѓу „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и ГЕРБ-СДС, меѓу чии главни приоритети се реформите во судството.

Гешев на средбата во понеделникот ги обвини поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов и пратеникот од ДПС Дељан Пеевски дека организирале негова смена. Според него, предлогот за разрешување е политичка нарачка и нема правна основа.

Обвинителот Иван Гешев ја презеде функцијата главен обвинител на почетокот на 2020 година. Неговиот мандат е седум години.

Related posts

ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА МОЛДАВИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ТАМОШНА СЛОЖЕНА ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

ninja

Избори во едно, или едно по едно

admin

ЛИДЕРИТЕ ОД ЕУ ГО ПОВИКАА ВУЧИЌ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА, ТОЈ ВЕЛИ ЌЕ ГО ПРАШАМ НАРОДОТ

ninja

“Моето сеќавање е добро, по ѓаволите”, гневно реагираше Бајден

admin

Маричиќ: Уставните измени се влог за нашето членство во ЕУ

admin

Мицкоски: Ваквите уставни измени се неприфатливи

admin