Полициски службеници од СВР Куманово вчера во село Отља, липковско, ги лишиле од слобода О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, скопско, осомничени за фалсификување пари, јави МВР.
При контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра. „Двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.“, вели МВР.