6.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ се изјасни за уставните измени

Демократската унија за интеграција целосно и недвосмислено ги поддржува уставните измени за европската иднина на нашата држава, се вели во партиското соопштение, пренесува Инбокс7.

„Денес, Република Северна Македонија е полноправна членка на Северноатлантската НАТО алијанса и го продолжува својот пат кон големото европско семејство.

Уставните измени се одлучувачки чекор за продолжување на интегративните преговори со Европската Унија и организирање на втората меѓувладина конференција.

Демократската унија за интеграција апелира до сите парламентарни политички партии и 120-те пратеници силно да размислуваат за интересите на граѓаните и државата и да не ги блокираат важните процеси како што се евроинтеграциите.

Денеска, во Собранието почна процесот на уставни измени и конечната определба за нас, за нашето општество, во нашата политичка сцена, кој е за интеграција во Европа и Америка, а кој е за изолација и Русија.

Нема средина, нема алтернатива, нема друг пат!“, вели ДУИ.

Related posts

Уставот на раскрсница: „Ако веќе се отвора…“

admin

ЕУ одобри уште 6,1 милијарда евра за Украина: Пари за ракети, радари и ПВО

admin

Парите ги криеле дури и во храната на дете: На аеродром откриени илјадници непријавени евра

admin

Савески: Одлуката за одземање на овластувањата на Ристоска не е персонална

admin

Џафери мандатар, Митрески претседател на Собрание

admin

Ахмети од Арачиново му испрати порака на Мицкоски

admin