21.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

Интеграција пред членство – менување на пристапот “сѐ или ништо”

Пишува: Бујар Османи

Процесот на проширувањето на Европската унија, особено во однос на Западен Балкан, со децении е предмет на силна реторика, ветувања и разочарувања. За многумина, фрустрациите произлегуваат од долгогодишниот пристап на ЕУ поедноставен во фразата „сѐ или ништо“.

Што значи, треба да ги исполните сите критериуми и дотогаш нема да почуствувате многу придобивки за вас.
Оваа парадигма „сè или ништо“ нуди мала утеха за оние држави кои поминуваат низ години, па дури и децении, со очи вперени кон членството, правејќи напорна работа, но гледајќи оскудна непосредна корист.
Затоа овој пристап мора да се промени во постепено и прогресивно пристапување во ЕУ, за да може една земја кога напредува, веднаш да добие заслужена награда.
За државите кандидатите од Западен Балкан, патот кон членство во ЕУ често се чини како Сизифовска задача: долга, непредвидлива и полна со безброј пречки.
Се чини дека целната линија постојано се поместува притоа од овие држави се бараат болни компромиси без речиси никакви опипливи награди сѐ до самиот крај.
Ефектите најсилно ги чувствуваат нивните граѓани. Оставени во чекалната на ЕУ, тие се разочаруваат, што пак ги прави подложни на малигни влијанија и анти-ЕУ агенди.

Слично на тоа, ЕУ се справува со комфликт на сопствените стравови: стравот од интегрирање на нови членки , заедно со стравот од губење на овие држави од нејзината сфера на влијание и последователните геополитички импликации.
Сепак, надежта се појавува во форма на нова парадигма: „Интеграција пред членство“.

Наместо бинарен процес за членство, овој ревидиран пристап им овозможува на државите -кандидати да почнат да ги искусуваат предностите на интеграцијата постепено, врз основа на исполнување на одредени критериуми, но пред да добијат статус на полноправно членство.
Оваа транзиција значи дека кандидатите можат да почувствуваат првична корист од економските, социјалните и политичките системи на ЕУ и да придонесуваат во истите пред да се формализира членството.
За Западен Балкан, таквиот пристап нуди повеќекратни придобивки:
* Конкретна корист со непосреден ефект: уживајќи во придобивките од интеграцијата пред формалното членство, пристап до фондови, мобилност, пристап до ЕУ пазар и др. ќе настапи намалување на фрустрацијата кај граѓаните и посилна одбрана против надворешните влијанија со анти-ЕУ предзнак.

* Политичка стимулација: Политичките лидери можат да бидат сведоци на опипливи резултати за време на нивниот мандат, обезбедувајќи доследна усогласеност со стандардите на ЕУ.

* Градење доверба: Фазниот пристап овозможува поприродна интеграција, овозможувајќи им на ЕУ и државите кандидати да воспостават подлабоки врски на доверба.

За ЕУ, нуди:
* Намалување на ризикот: Способност за прогресивно оценување на усогласеноста и посветеноста на државите кандидати.

* Оперативна ефикасност: не ја оптеретува дополнително функционалноста на ЕУ во услови на сеуште не изградена целосна доберба.
Клучен предуслов на оваа парадигма е дека не претставува алтернатива на полноправното членство. Земјите од Западен Балкан нема да прифата нишро помалку од полноправно членство.

Неодамнешните случувања ѝ даваат тежина на оваа перспектива. Објавата на претседателот на Европскиот совет во Блед, Словенија, во која се наведува дека ЕУ треба да се подготви за проширување до 2030 година, дава нова надеж.
Истакнува дека овој ревидиран пристап не е алтернатива на полноправното членство, туку процес со награди долж патот кон ЕУ.
Во суштина, префрлањето на фокусот од конечното членство на тековниот процес на интеграција е win-win решение.
Се залага за понепречен, покорисен и помалку фрустрирачки пристапен процес за сите вклучени.

Соочени со променливата геополитичка реалност, со особен акцент на бруталната агресија против Украина, ЕУ и Западен Балкан се наоѓаат во критичен момент. „Интеграција пред членство“ не е само алтернатива; тоа е неопходност, обезбедувајќи дека ЕУ останува инклузивна, просперитетна и, пред сè, обединета во својата различност.

И кога ЕУ вели дека треба да се реформира, тоа не треба да се сфати како создавање нови пречки за проширувањето, туку напротив – да се создадат услови што ќе им овозможат да нè имаат како нови членки наскоро.

Related posts

Крстопат

admin

Мојот другар Богдан

admin

НОВОГОДИШНА: ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ИДНИНА

admin

Херои и убијци

admin

(Не)зрел за колумнист?

admin

„Балканскиот начин“ обид за реприза?

admin