7.8 C
Скопје
5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пад на трговијата на мало и на индустриското производство

Трговијата на мало и индустриското производтво бележат пад во јули во споредба со истиот месец минатата година. 
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јули 2023 година, во споредба со јули 2022 година, зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки е забележано само во групата со непрехранбени продукти, и тоа номинално за 7.6 %, а реално за 0.5 %.
Трговијата со горива номинално расте за 1.5 %, а реално опаѓа за 6.5 % и Трговија на мало со автомобилски горива номинално опаѓа за 20.6 %, а реално расте за 5.5 %. Пад и кај двете стапки е забележан во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа номинално за 4.2 %, а реално за 13.0 %.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи опаѓање од 13.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 8.8 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, според ДЗС, се должи на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси и Производство на електрична опрема.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 28.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13.8 %.

Related posts

Руската амбасада во Скопје – Балкански рекордер на социјалните мрежи

admin

Уставни измени: Кој и кога ќе ја сврти „плочата“?

admin

ОТВОРЕНА РЕЗЕРВА КОН „ОТВОРЕН БАЛКАН“

ninja

И со гаранции, 60% од Македонците се против уставни измени, мнозинството Албанци се за

admin

Вештачката интелигенција е моќна алатка на пропагандистите

admin

Независност 32 години: Каде бевме, до каде стигнавме?

admin