-1.2 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
ИНТЕРВЈУ

ИДРИЗИ: НЕОПХОДНО Е ДЕПОЛАРИЗАЦИЈА НА ДИСКУРСОТ ВО ЈАВНИОТ ПРОСТОР

Во интервју за Инбокс7, Програмскиот директор на Институтот за медиуми и демократија БИРС, Лорик Идризи, вели дека една од главните цели на проектот “Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество“ како и на онлајн платформата „#Деполаризирајce“ во рамките на овој проект финансиран од Цивика Mобилитас, стремеше да создаде субстанцијален дијалог меѓу институциите, експертите, граѓанското општество и другите општествени категории во насока на деполаризирање на дискурсот во јавниот простор, што значи инклузивна конструктивна критика надвор од политичките и етнички поларизации.  Идиризи зборува за концептот на демократски институции, за професионалната администрација во служба на граѓаните и за целокупниот проект кој опфаќа бројни заложби и активности во насока на општествена деполаризација како единствен пат за демократска консолидација на институциите.

 

Инбокс7: Веќе сте во фаза на заокружување на проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество“. Како дел од овој проект беше промовирана и медиумската платформа „#Деполаризирајce“ Која беше главната цел на проектот и што навистина значи оваа платформа? 

Лорик Идризи: Овој проект го реализираше Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на програмата „Цивика мобилитас“ и во соработка со партнерите: Институтот за медиуми и аналитика (ИМА, Скопје), Балканскиот институт за регионална соработка (БИРЦ, Тетово) и Живот со предизвици (Битола). Како постојана тема на проектот беше демократските институции во смисла на нивна демократска консолидација во Северна Македонија, поточно во хоризонталната димензија што значи институционална вклушеност која всушност ја вклучуваат администрацијата. Една од главните цели беше да се создаде содржински дијалог меѓу институциите, експертите, граѓанското општество и другите општествени категории во насока на деполаризирање на дискурсот во јавниот простор, што значи инклузивна конструктивна критика надвор од политичките и етнички поларизации. Во рамките на проектот беше промовирана и онлајн платформата #Деполаризирајce, која преку студии, анализи и други пишувања е токму во функција на демократско вклучување на институциите и во функција на деполаризација на јавниот дискурс. Оваа платформа е посветена на зголемување на свеста на граѓаните и јавното мислење за промовирање, континуирано негување на демократските институции како визија на вредности и практики кои не можат да се сведат само на техничката димензија која е поврзана со новата методологија на европското патување, бидејќи институциите не значат само техничка терминологија на интеграциите, туку подразбираат широко учество на повеќе општествени чинители.

 

Инбокс7: Проектот во суштина е фокусиран на деполаризација на јавниот дискурс, сметате  дека сме поларизирано општество. Што треба да се смени?

Лорик Идризи: Генерално, земјите од Западен Балкан, поради своето минато и транзицијата со многу политички аномалии, страдаат од синдромот на поларизација. Северна Македонија не е исклучок. Етничките, политичките и општо општествените поларизации беа присутни и продолжуваат да бидат присутни. Тие се политички и културни фази кои тешко се надминуваат. Токму поради оваа поларизација не е создаден модерен концепт за институците што ја надминува етничката и политичката припадност. Со текот на времето, институциите страдаа токму од овој тип на поларизирачки дискурси кои го оневозможија нивното структурирање врз основа на инклузивниот принцип. Честопати институциите се затворени во еднострани поларизирачки концепти со исклучување на инклузивно учество и размислување. Овој проект има за цел токму деполаризација на јавниот дискурс и промовирање на нов концепт за институциите кој е во согласност со европските стандарди како вредност и содржина, а не само како терминологија, поточно реторика. Секако, оваа состојба веќе почна да се менува, секогаш со суштинско учество на експерти, кои имаат целосно знаење за отворањето на преговарачките поглавја, за суштинската имплементација на европските стандарди кои навистина обезбедуваат демократски и целосно инклузивни институции.

 

Инбокс7: Проектот се фокусира на администрацијата, според вас, кои се главните проблеми на администрацијата во периодот на транзиција и кои се предизвиците за ефикасна администрација?

Лорик Идризи: Генезата на проблемот е во преминот од еднопартиски систем во демократски систем, бидејќи постои големо недоразбирање и концептот на институции често се меша со оној на партијата и другите несоодветни бирократски форми. Монистичкиот систем беше создаден за да и служи на партијата, а со падот на партијата падна и државната бирократија и тоа создаде потреба стариот концепт на администрација да се замени со нов концепт. Овој премин од еден во друг концепт препозна многу аномалии, многу отстапувања и пред се ги зачува во себе некогашните бирократски стегнувања што ја спречуваат администрацијата да им служи на граѓаните. Како што знаеме, низ времето сме имале и имаме партизирана и неефикасна администрација. Овој проект, всушност, има за цел да се справи со одговорноста и посветеноста на многуте проблеми кои ја засегаат администрацијата со цел да се создаде еден друг концепт, што значи професионална и ефикасна администрација што ги надминува политичките поларизации.

Земјите од Централна и Источна Европа денес имаат консолидирана и професионална администрација поради општиот консензус за реформите, но и поради критериумите поставени од Европската Унија (ЕУ) во рамките на евроинтегративниот процес. Република Северна Македонија, како и другите земји од регионот со еднопартиско минато, сè уште прават напори за реформи – професионализација и департизација на администрацијата. Еднопартиската партизација од минатото, од 1990-те, е заменета со повеќепартиска. Ова ни овозможува да имаме слаби институции и нефункционална демократија, која не ги дава очекуваните резултати за граѓаните.

 

Инбокс7: Која е улогата на граѓанското општество во создавањето на доверба меѓу институциите и граѓаните?

Лорик Идризи: Несомнено, улогата на граѓанското општество е да создаде услови за дијалог и зближување меѓу институциите и граѓаните. Граѓанското општество секогаш останува гласот на граѓаните и се залага за ефикасни и демократски институции, но мора да биде и подготвено да седи во постојан дијалог со институциите за доброто на граѓаните, бидејќи токму во овој случај граѓаните се застапуваат преку граѓанското општество. Институциите, граѓанскиот сектор и со тоа граѓаните во никој случај не треба да бидат во груба поларизирачка битка, напротив треба да бидат во постојан дијалог за консолидирање на демократските институции секогаш во служба на граѓаните.

 

Инбокс7: Што се подразбира под демократски институции?

Лорик Идризи: Под демократски институции подразбираме нешто повеќе од техничко спроведување на законот, бидејќи и во авторитарни режими законот функционира, но институциите не се демократски. Демократските институции значат широко учество на повеќе чинители на општеството, кои со целосна професионална одговорност и на креативен начин се во служба на граѓаните, на системот на вредности и сето тоа значи на европскиот начин на функционирање. Под демократски институции се подразбира граѓанинот пред се, неговото достоинство и сета професионална услуга што треба да ја добие. Токму во оваа насока мора да работиме, креирајќи нова парадигма преку зголемување на свеста, што значи дека граѓанинот е на прво место и дека институциите му служат и се во функција на граѓанинот. Значи, потребна е поголема свест за да сфатат и граѓаните дека институциите се во нивна слуга, и ваков начин на подемократски начин ќе си ги остварат своите права.

 

Инбокс7: Што треба да промениме?

Лорик Идризи: Мора да разбереме дека новите контексти претставуваат нови проблеми и затоа ни требаат нови решенија. Дигитализацијата останува многу важна димензија. Во земјите од Западен Балкан, дигитализацијата, покрај тоа што ќе се појави како потреба за ефикасност и ефективност, ќе ја промени целата парадигма на функционирањето на административниот и државниот систем, „балканскиот“ менталитет на субјективноста на извршувањето на услугите, ќе се надмине и ќе се спречи давање мито за основни услуги. Граѓанското општество е исто така голем катализатор за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија, која преку многу стимулации и чувствителност успеа да ја подигне свеста и да изврши јавен притисок за унапредување на дигиталните агенди.

 

Инбокс7: Ги нагласувате европските стандарди и вредности. Како проектот е поврзан со европското патување?

Лорик Идризи: Според извештајот од скрининг процесот, меѓу најранливите сектори се токму здравството, образованието и локалната самоуправа. Токму во поглавјето „Јавна администрација“ во извештајот се наведува членот 41 од Европската повелба за основните права, кој се однесува на правото на граѓанинот на добра администрација. Потоа, гледајќи ги објаснувачките сесии на скринингот, разбираме колку е важна меѓусекторската методологија на градење политики што ги отелотворуваат вредностите на Европската повелба, која ја вклучува административната правда, како и сите права што мора да се материјализираат во јавниот сектор како сервис на граѓанинот. Во овој контекст, овој проект има за цел да ја демистифицира методологијата, правејќи нешто што се крие зад високотехничката терминологија на евроинтегративните процеси појасно и разбирливо. Институциите можат да бидат и ефикасни и да работат според законите, но тоа не е доволно за да бидат демократски.

Преку истражување и мобилизирање на граѓаните со критички и конструктивни опсервации, овој проект има за цел да ја создаде потребната рамка за континуирано негување на идејата за демократски институции, што значи инклузивност и структурирање кое секогаш го подразбира граѓанинот.

Related posts

Во Тетово и Гостивар дополнително полициско присуство на изборите

admin

Османи: Ако сака Влада, ВМРО-ДПМНЕ мора да се согласи на уставни измени

admin

Сефер Тахири: Дел од медиумите во С.Македонија се наклонети кон Путин

admin

Гарсија: Во преговарачкиот процес пречки може да има и од други земји

admin

Кирби: Фокусот на Г-7 е на војната во Украина и предизвиците што Кина продолжува да ги генерира

admin

Ангелов: Нови ер-трактори се поевтини од штетата од пожарите

admin