17.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Даути: Ни треба долгорочна стратегија за заедно да ја развиеме државата

Почесниот претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Џемаил Даути, во расправата на Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за економски прашања во Собранието, ја истакна потребата од консензуално усвојување на Стратегијата за развој, која ќе биде водилка за секоја влада во иднина.

Говорејќи пред пратениците, членови на комисиите, Даути рече дека во СКСЗМ од нејзиното формирање во 2004 година, констатирала дека Северна Македонија нема долгорочна развојна стратегија и дека од осамостојувањето одлуките се донесени во склоп со моменталните околности.

„Ние сме бизниси на оваа држава, плаќаме даноци, придонесуваме за оваа земја и за развојот на оваа држава и мора да ја градиме заедно со сите други“, рече Даути. „Во 2011 година подготвивме не толку прецизна анализа, меѓутоа забележавме дека 32.000 барања од фирми и бизниси остануваат во фиоките на институциите без одговор. Молкот за секое барање од бизнисите до институциите, колку и да изгледа наивно, кочи инвестиција, кочи побрз развој“, вели Даути.

Според него, од формирањето на СКСЗМ пред 17 години, оваа Комора предложила над 11.000 различни предлози за измени на законски прописи и нови предлог-закони до институциите, каде што забележала дека постојат сериозни пречки за економскиот развој на Северна Македонија.

Related posts

Министерот по име Фатмир (не)оди против студентите Албанци

admin

Средба Путин-Ердоган, ќе има ли договор?

admin

Полни пазари, празни фрижидери

admin

Милошоски: СДС да се изјасни – или се за ДУИ, или за Македонија

admin

Има ли надеж за забрзана интеграција со новиот пристап за проширување на ЕУ?

admin

Џафери: Спроведовме европски избори, работев во интерес на граѓаните

admin