25.8 C
Скопје
21 мај, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

Отворен став до Рамадани и политичарите во Македонија!

Пишува: Иван С. Мирчевски

Ова вечер што вие Рамадани го направивте е класичен напад врз новинар/медиум што според последните законски измени е НАПАД ВРЗ СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ чл.382 од КЗ на Македонија, па ќе се обидeме на пластичен начин да ви го објаснам вам, но и на останатите политичари:
– 1. ДОСТА Е! Ако мислите дека сте поканети во нашата емисија, и дека ќе ширите лаги, клевети и сериозна сегрегација, а јас дека ќе ви молчам – сте ја утнале земјата, градот, телевизијата , но и мене и моите колеги. Сегрегација и етничка дискриминација не живее во Канал 5 ТВ.
– 2. Доколку до утре, до 12.00 часот не добиеме јавно извинување како што побаравме, а не го направивте веднаш во студиото, ќе започнеме со сите правни лекови кои ни стојат на располагање а се поврзани со ширење на омраза и ЗАКАНА од ваша страна…не знам дали сте свесен дека ни се заканивте нам, на целиот тим на Канал 5 во кој работат чесни Македонци од сите етникуми ( мене верата не ме интересира ) со вашите зборови но и на сите Македонци?
„ Престанете да ги потценувате Албанците понатаму, ви кажува човек кој е умерен Албанец во сите свои ставови“.
Оваа ваша латентна закана која за нас е и можеби сериозна ми потврдува само едно – Вие сте умерениот, но значи постојат и „неумерени“ кои се радикални и милитантни Албанци, кои ете вие ги знаете, и на кои не им се допаѓа Канал 5 ТВ и Македонците? Зошто ширите ваква непотребна паника?
Овој ваш истап ќе го ценат многумина во Македонија, верувајте ми.
– 3. Како не ви е срам безочно да лажете дека Канал 5 ТВ шири етничка дискриминација? Како не се срамите од позицијата која ја имате а која НИЕ СИТЕ ви ја плаќаме? Вие сте ПРЕТСЕДАТЕЛ на ЕВРО АТЛАНТСКИ СОВЕТ? Не господине, вие со овој говор на омраза покажавте дека вашиот mind set можеби нема никаква конекција ниту со ЕУ ниту со НАТО?Но немајте грижи, на двете институции ќе им го пратиме вашиот „перформанс“ со англиски превод, а преводот ќе ви го пратам да видите дали ми е коректен. Вие гарант зборувате англиски далеку подобро од мене.
– 4. Дали вие Рамадани сте свесен дека со вашите клевети а во конекција со прашањата што ги поставува нашиот новинар во дебатните емисии, всушност директно се мешате во правото и слободата на новинарите за професионална работа, загарантирана со Устав? Знаете што значи кршење на Уставот нели? Какви консеквенции повлекува?
– 5. Знаете зошто замолив да излезете од студиото и тука да заврши емисијата? Прво не се извинивте како што побарав, а НАЈВАЖНО – да спречам продолжување на кривично-правниот акт , односно ширење на дискриминација и сериозен говор на омраза од ваша страна. Тоа што три портали на Џабир Дерала ве бранат, со класично извртување на тези за наводна ваша неслобода на говор во вечерашната САМО ВИСТИНА, покажува дека има лица кои не го виделе тоа што го виде и слушна цела македонска јавност, вашиот обид за наше замолчување збогатено со сериозни клевети и ксенофобија.
6. НАЈВАЖНО – Ги повикуваме сите политички чинители во Македонија но и меѓународната заедница, да се оградат од оваа еклатантна ксенофобија, но внимавајте – и сериозна ЗАКАНА во латентна форма, кога Рамадани не „потсети’ дека тој бил умерениот Албанец. Мислам дека тој треба да одговори на неколку сериозни прашања.
За крај – пријатели и познаници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Алтернатива, и други политички партии, г-дине Ковачевски, г-дине Пендаровски, г-дине Прв Заменик Премиер Груби – очекуваме од вас уште вечерва реакција на овој срамен чин на Рамадани.
Се надеваме дека нема да молчите за да помислам дека дел од вас се согласувате со неговиот притисок врз слобода на медиумите, но и латентните закани.

Извор: Канал5 

 

Related posts

Терор врз Израел и слободна Палестина

admin

НОВОГОДИШНА: ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ИДНИНА

admin

СЕФФ 2023: Побрза конвергенција кон ЕУ за просперитет и повисок животен стандард

admin

ЕКОНОМСКАТА ОДИСЕЈА: ПРЕДИЗВИЦИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ, НА ПОВИДОК СВЕТЛА ПЕРСПЕКТИВА

admin

За висината на казните и застарувањето

admin

Крстопат

admin