18.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Меџити за „Локално“: По 8. мај земјата ќе биде ослободена од криминалот и корупцијата

“Груби и Османи се фасадата и профитерите на ДУИ. Срцето и духот на ДУИ го нема веќе. Тие може да бидат убедени дека ќе владеат долго, оти само тоа ги интересира, но тие се лаици, немаат искуство како се добиваат гласовите и изборите”, вели во интервју за „Локално“, претседателот на партијата Демократско движење, Изет Меџити, кој е дел од здружената албанска коалиција која стана Европски сојуз за промени.

Околу тензиите со крстот и знамето на црквата на Попова Шапка, Меџити посочува дека гледаме тенденции вештачки да се загреат меѓуетничките односи.

“Тоа што сакам да потенцирам е дека граѓаните ги читаат овие пораки кога не им оди добро на одредени политички кругови сакаат да фрлат магла на ситуацијата, но овие сценарија не поминуваат веќе”, истакнува поранешниот градоначалник на Чаир.

На прашањето како ја гледа Македонија по изборите на 8-ти мај 2024 година, Меџити посочува дека нè очекува голема промена во албанскиот политички блок.

“Земјата ќе биде ослободена од криминалот и корупцијата, чекорејќи одлучно кон уставните измени и Европската Унија”, дециден е еден од лидерите на Европскиот сојуз за промени.

Related posts

Лотарија пред раскинување на договорот за закуп на ресторанот за свадби

admin

Полни пазари, празни фрижидери

admin

Меџити: Административната работа не може да се прикаже како голем скандал

admin

Србија го проширува медиумското влијание на Балканот 

admin

ЕКСКЛУЗИВНО: ЕУ со пакет на санкции против Косово

admin

Мерц и Макрон – прва средба: Што ќе носат новите германско-француските односи?

admin