12.8 C
Скопје
14 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОНСЦЕНА

Колку ќе ве чини летување во Турција оваа година?

Големиот скок на цените во Турција се одразува и на туризмот. На почетокот на туристичката сезоона, агенциите и туристите се потпираат на волшебниот збор – „all inclusive“.

 

Сино небо без облаци и шум на бранови. За оние кои се расположени за сонце, Кемер, во близина на Анталија, е одлично место за престој. Како двајца колеги од работа кои се опуштаат покрај базен: „За мене целта е релаксација, понекогаш да не мора да готвам, да ме услужат, уживање на малку сонце уште во првиот квартал од годината, за, кога ќе се вратам на работа, да бидам опуштен“, вели еден од двајцата. „All inclusive” е магичниот збор што Турција повеќе од 30 години го користи за да ги привлече туристите. Туристи токму од Германија.

На турската ривиера има илјадници хотели кои нудат целосна услуга. Од храна преку пијалоци покрај базен, спортски терени, мали продавници и секако: ексклузивен пристап до плажа. И сето тоа по пристапни цени – барем досега. Зашто, брзиот раст на цените во Турција влијае и на туристичката бранша.

Забележливо зголемување на цените

Пример: старото градско јадро на Анталија. Двајцата туристи од Нирнберг бараат сувенири во продавница за керамика и забележуваат дека нешто се променило. Не кога резервирате одмор, појаснува едниот, „но, на лице место да. Ако одеднаш платите осум евра за чаша вино, тоа ми изгледа скапо“. Тоа, вели тој, одговара на германските цени, „а овде така не си го замислував“.

Намирниците, рестораните, но и разгледувањето знаменитости или малите сувенири – многу работи се поскапени. Секој што е на индивидуално патување го чувствува поскапувањето кое влијае на многу Турци. Тоа ги загрижува и трговците во стариот дел на Анталија, како Лутфи Чакер кој има продавница за керамика. Тој всушност е задоволен од почетокот на сезоната. Но, високите цени и претпочитањето на аll inclusive одмори му го отежнуваат животот: „За жал, аll inclusive донесе посебен вид туризам“, вели тој. „Создадени се сите услови туристите кои доаѓаат таму да не мора да излегуваат. Значи сè е таму. Да, можеби има многу предности, но има и многу недостатоци.“

Германците и натаму сакаат да патуваат

За разлика од малите ресторани или продавници, големите хотели подобро излегуваат на крај со инфлацијата. Значи, оние кои резервираат од Германија, нема да забележат толку многу од зголемените цени, вели тур-операторот Дениз Угур, кој е специјализиран за Турција. Генерално, цените се зголемени во споредба со минатата година, вели тој. „Зборуваме за едноцифрен раст. Велигденскиот одмор можеби е поскап, а цените на другите датуми може да бидат пониски.“

Севкупно, цените се околу шест или седум отсто повисоки. Угур уште сака да продолжи да нуди патувања во Турција за мал буџет, можеби со некаква поскромна аll inclusive понуда. Или со флексибилна должина на патување, не само седум или 14 дена. Угур е оптимист за сезоната: Германците сè уште сакаат да патуваат: „Патувањето е многу популарно. Луѓето повеќе го ценат патувањето затоа што патуваат повеќе и покрај повисоките цени.“

„Нема компромис за квалитетот“

Менаџерот на хотелот Динчер Сарикаја во Кемер, околу еден час јужно од Анталија, исто така чувствува дека желбата за патување е непрекината. Двокреветна соба во хотелот чини од 60 до 70 евра надвор од главната сезона, нешто помалку од 100 евра во екот на сезоната. Ова е очигледно привлечно за германските туристи: тие одамна доаѓаат овде на аll inclusive одмор, вели Сарикаја. Сепак, успехот не е гарантиран и бара флексибилност. „Иако се бориме со цените, се трудиме да не правиме компромиси за квалитетот. Секој што прави компромиси за квалитетот не може и не смее да преживее.“ Затоа, вели тој, претпочита да се откаже од дел од профитот и се надева дека економијата ќе се стабилизира.

И Сарикаја ѝ се радува на сезоната и има доверба во турскиот министер за туризам. Тој сака годинава да привлече нов рекорден број на туристи во земјата, со задоволство и онакви кои се подготвени да потрошат малку повеќе пари. Малку помалку евтин туризам, а сепак добредојде за сите – тоа е неговата визија за иднината на Турција како дестинација за одмор. Се чини дека тоа веќе се случува во Кемер и Анталија. / DW

Related posts

Касами ја честита победата на Албанија против Молдавија

admin

ПРАВАТА НА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ПОВТОРНО ТЕМА ВО СОФИЈА

ninja

Ковачевски и Османи се сретна со Макрон

admin

Јокиќ се враќа во Србија, го очекува вистинско изненадување

admin

Министрите на Мицкоски меѓу најплатените на Балканот

admin

Шолц: Германија е соочена со „невидени проблеми“

admin