36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Па, оттука, што и да било, како и да било, зошто баш нему, на Mицкоски, и кој тоа, кога, каде, како и што тоа му нудел – приказна ќе има

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Обид за поткуп на премиер и тоа за зделка од скоро или за повеќе од пола милијарда евра е коруптивен случај од планетарни размери и ќе треба премиерот бргу, директно и планетарно и да ги одговори и да ги објасни петте клучни прашања за јавноста и за правосудството, да ги понуди фактите за тоа кој тоа, кога, каде, како и што тоа му нудел и директно ли, посредно ли, поединец ли, група ли, мафија ли или компанија, овдешни се или се странски поткупувачите, да појасни што тоа му било нудено, пари ли, островче ли, ролекс можеби и посебно, кажано и прашано и во оваа една реченица, зошто баш нему кога за толкава сума во крајна истанца не решава владата туку парламентот и, ете, се собра купче прашања како последица на едно пред тв камери атрактивно премиерско казание па сега, ако си нема друга работа, нека и’ објаснува на јавноста и нека им одговара на институциите, ако вториве воопшто ги има и, оттука, што и да било, како и да било, зошто баш нему, на Мицкоски, и кој тоа, кога, каде, како и што тоа му нудел – приказна ќе има. /линк

Related posts

Се укинува ветото во ЕУ? Само во нашите соништа!

admin

Важноста на интегрирањето во ЕУ од аспект на премијата за ризик

admin

Зошто Кина е толку лоша во фудбалот?

admin

За висината на казните и застарувањето

admin

Во Брисел супер вторник без Северна Македонија

admin

Филистејците – “чистата” совест на “прогресивните”

admin