5.8 C
Скопје
12 декември, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

“Грижо моја, прејди на друг”

Можеби македонскиот дел од Владата и не гледа ништо лошо во најновата своевидна, а ризична, гимнастика за “смирување на аздисаните Албанци”, но на албанскиот дел, составен од дури пет групации, нема да му донесе никаков ќар. Напротив! Гледано од албански агол, досегашните владини одлуки што ги засегаат, условно речено, албанските интереси во РСМ, како да им даваат право на тврдењата на ДУИ дека од ВРЕДИ не само што нема додадена вредност за унапредување на положбата на Албанците, туку се случува спротивното! А од тоа, богами, од одговорноста, нема да може да се амнистира ни кормиларот на извршната власт. Тревогата за дестабилизација што ни дојде од Премиерот и првиот полицаец, всушност е вовед во една жешка политичка есен што се готви покрај Вардар, а не во Мала Речица!

 

Пишува: Сељадин Џезаири

За да ја опишам нашата најнова, вжештена, меѓуетничка реалност, ќе морам да се послужам со мислата на уважениот премиер, Христијан Мицкоски, упатена кон нашите соседи Бугари: По формирањето на новата владина коалиција и тежината на распределбата на власта помеѓу ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВРЕДИ, како да се насетуваат институционални обиди за оживување на едно сурово минато време за кое до неодамна сметав дека е навистина минато. На страна од општопознатото “на победникот му припаѓа се”, чепкањето во меѓуетничките прашања (читај: тоа што го имаа до сега Албанците, како да го потврдува одамна најавеното “второ полувреме” за расчистување на сметките со “клетите Шиптари”)! Воведување(sic!) ред во администрацијата, со укинување на „балансерот“, најавата дека Уставниот суд ќе ги разгледа поднесоците во врска со Законот за јазиците, но и за балансерот, за употребата на албанското знаме… Сето ова оди во прилог на тврдењата дека македонската влада е во потрага по нов курс за справување со прашањата што ги засегаат Албанците во Република Северна Маедонија.

Но, да се вратиме на споредбата на нашата внатрешна реалност со најновите стрели што од Скопје се вперуваат кон Софија и тоа преку премиерот Мицкоски. Деновие колешката Катерина Блажевска со право забележа дека нашиот премиер „како да ја презел реториката на заборавениот Красимир Каракачанов, со зборовите: „Секогаш кога во Бугарија следат избори главна тема им е Македонија. Сега не сум ни сигурен кога им се изборите, толку се нефункционални што ни избори не можат да закажат. Ова им е седма или осма техничка влада и веќе не можат да најдат луѓе за неа. Така што, нека си ги средат прво работите дома. Немам намера сега да одговарам на луѓе кои ловат политички поени, а се политички маргиналци во моментов, бидејќи се претставници кои немаат легитимитет од никого”….“Тамошните политичари ќе сторат сѐ за да нѐ внесат во нивната предизборна реторика и на тој начин да предизвикаат реакција од наша страна, обидувајќи се да нѐ портретираат кај нашите пријатели во меѓународната заедница дека ние сме тие палавите, дека ние сме тие лошите, дека тие се добрите и дека на тој начин практично ние создаваме кавга, немир”.

Горенаведениот цитат на македонскиот премиер, Мицкоски, секако се однесува на затегнатите односи со соседната Бугарија, но во исто време буквално како да ги отсликува и настојувањата на неговата власт за една поинкава држава дома, од оваа што е воспоставена по Охридскиот рамковен договор од 2001 година! Се разбира, очекувајќи одговор од албанската опозициска страна во земјата.

Да се разбереме, владините постапки на овој план ќе бидат легитимни колку и реакциите на овдешните Албанци! Со тоа што и овој пат одговорноста ќе биде на македонската страна: Владата составена од ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВРЕДИ нема да може да се правда во стилот “Грижо моја, прејди на друг”! Можеби македонскиот дел од Владата и не гледа ништо лошо во најновата своевидна, а ризична, гимнастика за “смирување на аздисаните Албанци”, но на албанскиот дел, составен од дури пет групации, нема да му донесе никаков ќар. Напротив! Гледано од албански агол, досегашните владини одлуки што ги засегаат албанските интереси во РСМ, како да им даваат право на тврдењата на ДУИ дека од ВРЕДИ не само што нема додадена вредност за унапредување на положбата на Албанците, туку се случува спротивното! А од тоа, богами, од одговорноста, нема да може да се амнистира ни кормиларот на извршната власт. Постапките и мерките на владините чинители, на внатрешен и надворешен план, ми се чини дека го немаат она толку (зло)употребувано гесло “европска вредност”, па оттука тревогата за дестабилизација што ни дојде од Премиерот и Првиот полицаец, всушност е вовед во една жешка политичка есен што се готви покрај Вардар а не во Мала Речица!

Related posts

ДУПови

admin

Зависноста на Владата на Мицкоски од предизборната пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ веќе е проблем на нацијата

admin

Казна за Еуростандард банка

admin

Системски против неформалната економија

admin

План за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во ЕУ

admin

НОВОГОДИШНА: ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ИДНИНА

admin