16.3 C
Скопје
17 мај, 2025
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Смешна “научна” дебата

Пишува: Џелал Незири

Многу ми е смешна дебатата околу тоа колку академии на науки треба да имаме. Секој кој оваа дебата ја сфаќа сериозно, најверојатно наивно мисли дека ние имаме наука. Божем ние сме измислиле некоја вакцина, лек, формула, паметен телефон, сме дале иновативни одговори на корупцијата, сиромаштија, болестите, сме изумиле напреден софтвер, дронови, оружје, артифицијална интелегенција…

Колку да изгледа лудо, сепак дебатата за “балансерот” во администрацијата е очекувано да се става во етнички контекст. Јавната администрација веќе долго време не се гледа како апарат кој треба да им служи на граѓаните и бизнисот, туку како начин на решавање на социјалните проблеми на граѓаните. Наместо за квалитетот, ние дебатираме кој колку ќе “цица” од големата државна дојка. Лудо, нели! Донекаде е разбирливо – неправдите од минатото секогаш се поправат на овој луд начин.

Сепак, да се троши толку енергија за етнизирање на науката која ја немаш, но си во делузија дека ја имаш, навистина е надвор од секаков здрав разум. Ако етничките стратегии кои извираат од вкоренетата омраза кон другиот, кои се насочени против другиот, кои за крајна цел имаат разнебитување на другиот, цртање на етнички линии на поделба…се сметаат за наука, тогаш сме во голема заблуда. Вистинската наука дава одговори на проблемите на луѓето. Човекот е во фокусот на науката, не неговото уништување. Само кога е злоупотребена од политиката, науката била свртена против човекот.

Ние како држава, со одвоени на само 0.2 проценти од годишното БДП за науката, немаме ниту наука, ниту научници. Само политичари имаме во изобилство.

Related posts

Клучот на Собранието

admin

ВНАТРЕПАРТИСКИ СТРУИ И ПАРАДОКСИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ВРАЌАТ ВО НОРМАЛНОСТ

admin

Европа, НАТО и Америка се во процес на распаѓање

admin

Буџет 2023: Поддршка за граѓаните и фирмите во кризата и ветeр во грб на економијата

admin

Курти победи, но дали ќе формира влада?

admin

Трамп ја спасува Украина

admin