15.8 C
Скопје
24 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВЛЕН: Владата е силно посветена на европската агенда

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение ја информира јавноста дека новата Влада е длабоко посветена на европската агенда и активно работи на достоинствено исполнување на условите што ќе го забрзаат процесот кон полноправно членство во Европската унија.

„Новата Влада, во која коалицијата ВЛЕН е одговорен и активен партнер, е длабоко посветена на европската агенда. Таа активно работи на достоинствено исполнување на условите што ќе го забрзаат процесот кон полноправно членство во Европската унија.
Ние, министрите на ВЛЕН, отсекогаш сме демонстрирале највисока посветеност кон европските интеграции, не само со зборови, туку и со дела. Шестмесечниот рок не е само временска рамка, туку и обврска што ја разбираме и ја почитуваме. Сепак, потребно е да се почитува политичката логика и реалноста. Постои ли двотретинско мнозинство во Собранието без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Не, не постои. Токму тука лежи суштината: интеграцијата бара соработка, зрелост и одговорност од сите политички субјекти“.

„ВЛЕН не ги заборава обврските, но потсетуваме дека решението не може да биде еднострано. Владата има јасен план, стратегија и конкретни чекори што се преземаат секојдневно. Нашата поддршка, не само сега, туку и во минатото, спаси клучни процеси. Со таков чекор го обезбедивме почетокот на преговорите со ЕУ. Апелираме до сите општествени фактори, вклучувајќи ги и политичките партии, да престанат со манипулациите на политиката на штета на европските интеграции. Европската иднина е над дневната политичка калкулација,“ стои во соопштението на ВЛЕН.

Related posts

Трите грешки на ресорот правда

admin

Предизвикот за спроведување на Болоњскиот процес

admin

Рокас: Ќе има дипломатска офанзива во наредните месеци

admin

Заклучоци на Советот: Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот

admin

Стејт департмент: Помалите верски групи се жалат дека МПЦ-ОА и ИВЗ имале повеќе права

admin

До фотоволтаици на покривите без решение за градба

ninja