13.8 C
Скопје
12 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Управата за јавни приходи демантира наводи за затворање на дискотеката „Пулс“ во декември 2024 година

Управата за јавни приходи (УЈП) потврди дека соработува со надлежните органи во обезбедување на потребни докази и информации за истражните и кривичните постапки. Институцијата апелираше да не се шпекулира со непотврдени информации и демантираше наводи за политизација на случајот.

Во врска со тврдењата дека УЈП наводно ја затворила дискотеката „Пулс“ во декември 2024 година, Управата појасни дека такви наводи не се точни. Според соопштението, во декември 2024 година, за објектот била изречена казна за прекршок согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, но не е изречена мерка за привремено затворање.

„Пломбирањето“, за кое се шпекулира, било извршено врз друг угостителски објект со различен назив, врз основа на контроли спроведени од УЈП во јули 2023 година, кога била изречена привремена забрана за работа во траење од 15 дена“, се наведува во соопштението.

УЈП исто така појасни дека презела мерки за наплата на неплатени долгови од компанијата „ММММ Кафе ДООЕЛ“ уште од крајот на 2022 година, вклучувајќи блокирање на сметката, по што долгот бил наплатен, а сметката автоматски деблокирана. Од август 2024 година, постапките за принудна наплата сè уште се активни.

„Би укажале дека блокирањето на сметка, како мерка, согласно Законот за даночна постапка, е дел од постапката за присилна наплата на долгови. Оваа мерка не предвидува затворање на објект“, истакнаа од УЈП.

 

 

 

Related posts

Мицкоски за косовската РТК: Албанскиот јазик не е загрозен и никому не пречи

admin

Политички пресврт, галопирачки цени, црна листа: Како македонските граѓани ја поминаа 2024 година

admin

ВЕТИНГ – СТАРА ПЕСНА ВО НОВ АРАНЖМАН

ninja

Димитриеска-Кочоска: Контролингот е клучен за одговорно управување со јавните финансии

admin

ДЕМНЕЊЕ СТАНА КРИВИЧНО ДЕЛО, ЗАТВОР ЗА НАПАЃАЧИ НА НОВИНАРИ, ЛЕКАРИ И АДВОКАТИ

ninja

Милионскиот профит на банките (инфографик)

admin