24.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАСВЕТ

Германски суд: Мета може да користи јавни податоци од корисници за вештачка интелигенција

Германски суд пресуди дека американската технолошка компанија Мета – матична на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап – има право да користи јавни објави од корисници во ЕУ за обука на своите системи за вештачка интелигенција.

Вишиот покраински суд во Келн одлучи во корист на Мета, откако против компанијата беше поднесена жалба од Агенцијата за заштита на потрошувачи на Северна Рајна – Вестфалија, со тврдење дека се кршат правилата за заштита на лични податоци во ЕУ.

„Мета има легитимна цел при користење на овие податоци за обука на системи со вештачка интелигенција,“ се наведува во судското соопштение. Се додава дека користењето на податоци е дозволено „и без“ согласност од корисниците.

Од 27 мај, Мета ќе започне со користење на јавно достапна содржина од корисници постари од 18 години од ЕУ, освен ако тие експлицитно не се спротивстават. Корисниците под 18 години нема да бидат опфатени.

Компанијата во април соопшти дека со новиот пристап „ќе се подобри поддршката за милиони корисници и бизниси во ЕУ, со тоа што AI системите ќе ги разбираат и рефлектираат подобро нивните култури, јазици и историја“.

Related posts

Ахмети и Османи го промовираа „Актот на Чаир“ како најголемо албанско обединување од 2001

admin

Брисел, Берлин и Париз испратиле сигнал? Владата категорично ги отфрла тврдењата на СДСМ

admin

Албанија на парламентарни избори, Рама цели на четвртиот мандат

admin

Тивка средба на експертските групи од Скопје и Софија

admin

Усвоен извештајот од ЕП: Албанија е „главен кандидат“, но ризикува застој ако не ги забрза реформите!

admin

Шофер од Албанија фатен во „Деве Баир“

admin