30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Кошта беше јасен: Нема “план Б” и “креативни решенија”

Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за “план Б” и “креативни решенија”.

Пишува: Ивон Величковски

Но и поддршката на СДСМ како “македонска парламентарна опозиција” за “креативните решенија” на власта, вклучително директни преговори со Софија за кои не е заинтересиран никој.

Ниту ни одат во прилог, оти да не заборавиме дека отстапувањето од прашањата утврдени со Преговарачката рамка по барање на Скопје значи можност за нов сет прашања по барање на секоја од европските метрополи, вклучително Софија.

Затоа Кошта беше логичен, практичен и дециден:
“Да не го поткопуваме планот ‘А’ и да се фокусираме на исполнување на планот ‘А’.
Тоа што е договорено е договорено, сега треба да го исполниме тоа.
Не ни е потребен план ‘Б’, само треба да го исполниме планот ‘А’“.

Со тоа Кошта го соочи македонскиот народ со два факти:
– директно, дека партиите и функционерите не’ лажат со изјави за нови “директни преговори”, “креативни решенија” и сл., и
– индиректно, дека ако не побараме македонски политичари со друга реторика и пракса – нема кого да обвинуваме за состојбата, освен самите себе.

Прес-патетиките на Мицкоски и замислените дипломатско-правни толкувања а-ла Правен факултет Скопје на Силјановска-Давкова, секако, се толерираат како декоративни изјави на кои никој не им придава значење веќе утре.

Преговарачката рамка е утврдена и сериозни политичари и институции по неа постапуваат. Освен ако не работат спротивно на националниот интерес на Северна Македонија и особено на македонскиот народ.

Related posts

На Канал5 видовме цензура и кршење на слободата на говор

admin

Како Жарко, Стојанче и Васил се вгнездија во нашите животи

admin

Браво за Макфакс, си ја постигна целта

admin

Па, оттука, што и да било, како и да било, зошто баш нему, на Mицкоски, и кој тоа, кога, каде, како и што тоа му нудел – приказна ќе има

admin

ДУИ го сакаше Изет „кираџија“, а тој си направи три куќи?

admin

Колку чини правдата за моите пари

admin