33.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Продолжува политичката војна меѓу Арсовска и Ганиу

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ги отфрли како политички мотивирани обвинувањата околу интервенцијата на водоводната мрежа, нарекувајќи ги „координирани напади од ботови“ на нејзиниот колега од Чаир, Висар Ганиу.

Арсовска преку објава на Фејсбук истакна дека ЈП „Водовод и канализација“ уште на 27 мај ги информирало медиумите дека на 31 мај ќе се изврши комплексен водоводен зафат кој се реализира еднаш на 60 години. Според неа, целта е подобрување на водоснабдувањето и намалување на загубите на вода.

„Интервенцијата опфаќа изведба на главен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил во нова мерна шахта, што е дел од стратегијата за создавање циркуларен прстен меѓу главните магистрални цевководи на Скопје,“ напиша Арсовска.

Таа објасни дека зафатот е изведен успешно и дека повторното пуштање на водата се спроведува постапно за да се избегнат дефекти.

„Доколку медиумите ги пренесуваа целосно соопштенијата од Водовод, граѓаните ќе ја разбереја важноста на зафатот,“ додаде таа, повикувајќи на трпение и разбирање.

Со овој проект, новиот магистрален цевковод со пречник од 700mm, кој ќе се постави долж булевар Хрватска, ќе го поврзе постоечкиот цевковод кај Железара со оној на булевар Александар Македонски. На тој начин, според градските власти, се создава основа за посигурен и одржлив систем за водоснабдување во главниот град.

 

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла тврдењата на СДСМ за фаворизирање и прекумерни трошоци во Министерството за култура

admin

ОМБУДСМАНОТ ЗАТРУПАН СО ПРЕТСТАВКИ ЗА СУДОВИ И ИЗВРШИТЕЛИ

ninja

РСМ со најниска минимална плата во регионот

admin

Биткоинот се издигна над 100.000 долари

admin

Њујорк Тајмс: Маск користел дроги додека бил советник на Трамп

admin

СДСМ ќе го поддржи договорот со Британија, но бара транспарентност од Владата

admin