19.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИКУЛТУРА

НУБ „Св. Климент Охридски“ донираше книги за македонските иселеници

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје донираше 125 наслови со вкупно 264 примероци на Агенцијата за иселеништво, соопштија во понеделникот институциите.

Донацијата, која вклучува и изданија како македонскиот правопис, е дел од програмата за одбележување 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Книгите се наменети за летната школа за изучување на македонскиот јазик во Охрид, како и за потребите на училишта и литературни друштва во македонското иселеништво.

„Со оваа донација ја јакнеме врската со дијаспората и придонесуваме за негување на македонскиот јазик надвор од татковината“, изјави директорот на НУБ, Јовица Никчевски.

Во знак на благодарност, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, ѝ подари на библиотеката икона со ликот на Св. Климент Охридски. Никчевски, пак, ја збогати библиотечната збирка на Агенцијата со новата монографија „Национална и универзитетска библиотека ‘Св. Климент Охридски’ – Скопје: Ризница на знаењето, чувар на наследството“.

 

 

Related posts

Ќе се укине или намали државното финансирање на изборните кампањи?

admin

Од Брисел ништо ново

admin

Петровска: Отсуството на дебата за претходните изборни резултати придонело за поразот на СДСМ

admin

ДУИ: Над 730 јавни конкурси пред избори – обид за манипулација на граѓаните

admin

Русија ја погоди Украина со ретко користената ракета „Орешник“ во нов бран напади

admin

РСЕ: „Феникс“ – истрага која го врати од заборав „Скопје 2014“

admin