10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Нов топлотен удар – температурите до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, потекнувајќи од Африка, времето во Северна Македонија ќе остане многу топло, стабилно, суво и претежно сончево до петок, 15 август. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во Скопје и околината се очекува слично време – многу топло, стабилно и суво, со мала локална облачност и ветер слаб до умерен од променлив правец.

Температурите ќе продолжат да растат, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје и околината, се очекува температурата да достигне околу 40 степени.

Метеоролозите апелираат до граѓаните, поради топлотниот бран и високите температури, да го ограничат излегувањето во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот, и да внесуваат доволно течности за да се заштитат од топлотен удар.

 

 

Related posts

На денешен ден пред 34 години Бугарија ја призна независноста на Македонија

admin

ОД САРАЕВО ПОРАКА ДО БАЛКАНОТ: Инвестирајте во младите или талентите ќе ја бараат иднината на друго место

admin

Законски измени под превез на ЕУ за спас од затвор

admin

Жените во политиката – слалом меѓу квоти и родови стереотипи

admin

Дипломатска битка во Брисел: Мицкоски тврди – Се нападнал македонскиот јазик и идентитет, но Владата го спречи ударот!

admin

Мицкоски и Орбан го запечатија пријателството

admin