30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

ПРЉАВИОТ ОБРАЗ ЗА „ЧИСТА МАКЕДОНИЈА”

Мајкл е типичен Англичанец и, да не беше историјата како негова животна определба, можеби и немаше да се најде во овој напис. Елем, кога дозна дека сум од Северна Македонија и оти сум Албанец, прво што ме запраша беше: „Како ви оди со Славјаните? Со мојот слаб англиски, му возвратив со прашање: „Мислите на Македонците? Со насмевка ми одговори: „Да, но сметам дека се работи за мешавина на Бугари, Срби и, како што ти тврдиш, Македонци. Понатаму го подсетив оти за време на Титовата Југославија сме учеле како Бугарите и Србите ни беа окупатори, „од кои најмногу испаштавте Вие Албанците, – подвлече со потсмевка пензионираниот историчар.

Пишува: Сељадин Џезаири

Не дека не го очекував навивачкото дивеење во Куманово против Албанците, но ме зачуди молкот на сето тоа од страна на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски. И по завршетокот на утакмицата, тој остана нем. Елем, еве што самоволно напиша во сабота на својот профил воФејсбук:

Во реновираната спортска сала во Куманово, под светлата на новиот почеток, Македонија гледаше борба, срце и чесна игра!

Македонија е со вас не само кога победувате, туку и кога паѓате со дигната глава! Овој натпревар беше повеќе од резултат, беше борба за боите што ги носите, за името што го браните, и за народот што стои зад вас со љубов и почит!

Секоја капка пот на теренот е веќе победа, победа на инаетот, на борбеноста, на љубовта кон оваа земја. Се мери во пожртвуваност, во храброст, во тоа што не се откажавте!

Ние знаеме што значи да се даде сè, па дури и когае тешко. Вечерва не победивме на натпреварот, но победивме во духот, затоа што покажавте за кого и како се игра!

Играјте храбро и понатаму, ние сме зад вас! Македонија е тука и ќе биде со вас, секогаш!”, – напиша македонскиот премиер.

Х.М, да се разбереме, не е поединец, индивидуа, туку е и претседател на Владата на Република Македонија, односно, да бидем коректен, на Северна Македонија.

Значи, Х.М. е и мојот премиер, е премиер и на сите немакедонци! Да се премолчат скандирањата со антиалбански и фашизоидни пораки на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија, во спортската сала во мултиетничкото Куманово, е скандал за кој, во земјите со развијена демократија, паѓаат и оставки!

Вака, со ваквиот игноратнски однос, македонскиот премиер, во пресрет на локалните избори, се игра со оган, не водејќи сметка дека тврдокорниот однос кон се што е албанско во земјата може да му се врати како бумеранг: Да се затворат очите пред заложбите за „смрт за шиптарите и за „чиста Македонија тоа е прлавштина од која никој нема ќар. Ни македонксиот премиер, ни неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, ни ЗНАМ на Максим Димитриевски а, бога ми, ни групацијата ВРЕДИ подржана од страна на косовскиот премиер, Албин Курти!

Related posts

Европската перспектива ќе се гради низ предизвици и храбри одлуки

admin

Од Будимпешта „марш“ за Груевски, во Скопје може фанфари

admin

Браво за Макфакс, си ја постигна целта

admin

“Меѓуалбански конфликт” за “македонска” среќа

admin

На патот кон ЕУ: Поставени се здрави фундаменти во јавните финансии и функционална пазарна економија

admin

Крстопат

admin