Стапката на невработеност во Германија во декември се искачи на 6,2 проценти, додека бројот на лица без работа достигна 2,908 милиони, соопшти во средата Федералната агенција за труд.
Бројот на невработени се зголеми за 3.000 лица во однос на октомври, покажуваат официјалните податоци. Агенцијата соопшти дека пазарот на трудот останува под притисок поради слабата економска активност и глобалната неизвесност.
Економијата на Германија, најголемата во Европа, во изминатата година се соочи со забавување на индустриското производство, пониска побарувачка и влијанија од геополитичките тензии, што се одрази и врз вработеноста.
Владата претходно предупреди дека стабилизацијата на пазарот на труд ќе зависи од економското заздравување во текот на 2026 година.

