23.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Алиу: Транспарентноста во здравството се подобрува – интегритетот речиси двојно зголемен за шест месеци

Транспарентноста и отчетноста остануваат клучни приоритети во здравствениот систем, изјави министерот за здравство Азир Алиу, нагласувајќи дека институциите работат на зајакнување на довербата и подобрување на процедурите.

Според него, уделот на жалбени решенија во здравството изнесува 2,43%, што е под државниот просек од 2,88%, при што најголем дел од спорните случаи се однесуваат на евалуацијата на понудите во јавните набавки.

„За помалку од шест месеци го зголемивме резултатот во системот на интегритет од 34,2% во 2024 година на 66,15% во 2025 година“, рече Алиу на настан организиран од Центарот за граѓански комуникации, посветен на антикорупциските мерки во јавните набавки.

Како дел од реформите, новиот Закон за лекови предвидува поефикасни процедури за одобрување и регистрација, модернизација на системот и скратување на времето за достапност на лековите.

Исто така, се воведуваат механизми за следење на снабдувањето со цел да се спречат евентуални недостигнувања, додека дигитализацијата останува клучен инструмент за зголемување на транспарентноста.

Министерството воспостави и нов јавен портал за донации, како и онлајн платформа за анонимно пријавување неправилности и корупција во здравството.

Според Алиу, овие мерки треба да придонесат за поголема доверба кај граѓаните и поефикасна заштита на јавниот интерес.

 

Related posts

Мицкоски: На „талибански“ начин се брише македонскиот идентитет од извештајот на Европскиот парламент

admin

Европа се вооружува со „евтини дронови“: Пет НАТО земји покренуваат нова одбранбена трка

admin

ЕУ очекува спроведување на договорите со Грција и Бугарија

admin

СДСМ отвора нов случај: Експлозија, вработен во МВР и наводна врска со кумот на Мицкоски

admin

Во Тетово не се гради втор студентски дом „на штета на Штип и Скопје“

admin

Македонија пред локални избори: Клучната битка во Чаир

admin