21 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Аудио и видео докази во суд: Десетици пријави за насилство пред трагедијата во Карпош

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје беа презентирани аудио и видео докази кои укажуваат на повеќегодишно семејно насилство во случајот со смртта на Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка.

Според обвинителството, во период од две години биле поднесени десетици пријави до полицијата против осомничениот Стојанче Јовановски, од страна на жртвата, нејзини членови на семејството и соседи. Во судницата беа пуштени аудиоснимки од повици до службите за итни случаи, на кои се слушаат вознемирувачки сведоштва, вклучително и плач на дете.

Обвинителството презентираше и видеоматеријали од системот „Безбеден град“, на кои, според наводите, се гледа физичко насилство врз жртвата неколку часа пред трагичниот настан.

Случајот повторно го отвори прашањето за реакцијата на институциите и нивната способност да спречат семејно насилство, откако дел од аудиоснимките покажуваат дека жртвата во одредени ситуации не добила директна институционална интервенција.

 

Related posts

Една година од трагедијата во Кочани: Во „Алејата на ангелите“ не сакаат да ги пуштат своите деца

admin

Кариера во НАТО? УЈИЕ организираше интерактивна средба со експерти од Алијансата

admin

Бугарскиот парламент ја одобри владата предводена од Росен Желјазков

admin

Македонија чека одговор од Бугарија за заедничка резолуција во ЕП

admin

На Нова година ќе има повеќе од 8 милијарди луѓе во светот

admin

Мицкоски: Ние не ветуваме празно, туку градиме

admin