29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Обезбедена континуирана терапија за ретки болести, новиот закон ќе го забрза пристапот до лекови

Министерството за здравство соопшти дека презема засилени мерки за обезбедување континуирана терапија за пациентите со ретки болести, наведувајќи дека лекувањето се одвива без прекини.

Во соопштението се вели дека терапијата се обезбедува за сите пациенти, вклучително и лекот „сиролимус“ за третман на туберозна склероза.

Министерството најави дека новиот Закон за лекови ќе овозможи побрзи процедури за одобрување и регистрација, преку модернизација на системот и скратување на времето за достапност на лековите. Законот предвидува и воспоставување механизми за следење на снабдувањето со цел да се спречи евентуален недостиг.

Дополнително, властите воведуваат тригодишен модел на јавни набавки, кој ќе започне во 2026 година и се оценува како клучен за стабилноста на терапијата за пациентите.

Во рамки на новата набавка, техничката спецификација е проширена со 12 нови лекови, со што државата ќе обезбеди вкупно 72 лекови преку програмата за ретки болести.

Ова претставува значително зголемување во споредба со претходните години и, според Министерството, ќе овозможи поголем број пациенти да добијат бесплатна и современа терапија.

 

Related posts

Линеарното зголемување на пензиите – Пензионерите на улица

admin

МОЖНИ ЛИ СЕ ПРЕГОВОРИ ЗА СТАВАЊЕ КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА?

ninja

Трамп поразен на суд, но возвраќа со нови царини: светот пред нова трговска бура

admin

Европскиот парламент со нова порака: Без реформи нема членство во ЕУ

admin

Милош Вучевиќ поднесе оставка како премиер на Србија

admin

Од Брисел до македонските болници: Може ли европскиот здравствен фонд да ја промени здравствената слика?

admin