36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Светско признание за УЈИЕ: Глобален скок во квалитетно образование

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) е рангиран како највисоко оценет универзитет од Северна Македонија на престижната листа Times Higher Education Impact Rankings 2025, која ги оценува универзитетите според нивниот придонес кон Целите за одржлив развој на Обединетите нации.

Најзначајниот резултат УЈИЕ го постигна во категоријата SDG 4 – квалитетно образование, каде што е позициониран во групата од 401 до 600 најдобри универзитети во светот.

Во оваа категорија се оценуваат пристапот до квалитетно образование, социјалната инклузија, поддршката за студентите, доживотното учење и влијанието на универзитетите врз образовниот систем.

Со ова рангирање, УЈИЕ е најдобро оценет универзитет од Северна Македонија и највисоко рангиран универзитет на албански јазик во регионот во оваа категорија.

Универзитетот оствари резултати и во други категории поврзани со одржливиот развој, вклучително родова еднаквост, намалување на нееднаквостите, климатска акција, мир, правда и силни институции.

Методологијата на Times Higher Education Impact Rankings ги оценува универзитетите не само според научните публикации, туку и според нивното влијание во заедницата, инклузивноста, поддршката за студентите и придонесот кон 17-те Цели за одржлив развој на ОН.

Од УЈИЕ соопштија дека резултатите ја потврдуваат долгорочната посветеност на универзитетот кон квалитетно образование, општествена одговорност и одржлив развој.

Во рангирањето за 2025 година беа опфатени 2.526 универзитети од 130 земји и територии, што претставува зголемување во однос на 2024 година кога учествуваа 2.152 универзитети од 125 земји.

УЈИЕ дополнително ја истакна својата ориентација кон Агендата 2030 преку учеството во Универзитетската коалиција SustainED, иницијатива поддржана од Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија.

Коалицијата има цел да ја зајакне улогата на универзитетите во спроведувањето на целите за одржлив развој преку образование, научни истражувања, иновации, студентски ангажман и соработка со заедницата.

Од универзитетот оценуваат дека учеството во оваа платформа и резултатите на глобалното рангирање ја потврдуваат стратешката определба на институцијата кон развој на поквалитетно и поинклузивно општество.

Related posts

Трамп вели дека САД ќе го преземат Гренланд „на еден или друг начин“

admin

Георгиев: Бугарија нема да направи ниту чекор назад во однос на С.Македонија

admin

Мицкоски оди во Тиват по новата формула за ЕУ: Нема отстапки за македонскиот идентитет

admin

Меџити: 400 нови пожарникари и 600 нови работни места предвидени со Оперативниот план 2025

admin

Украина пресмета колку чини еден руски војник: Бројката открива како се менува војната

admin

Меџити одбележа 24 години од Охридскиот рамковен договор со коктел во Скопје

admin