32.8 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Индекс на политички интегритет: Случај – Именувања во управни и надзорни одбори

Индекс на политички интегритет [1]

Случај #4  – Именувања во управни и надзорни одбори од страна на советите на општините без транспарентност

 

Вовед

Во фокусот на оваа анализа е постапувањето на советите на локалната самоуправа, вклучително и Советот на Град Скопје, во процесот на именување членови во управни и надзорни одбори на јавни институции (градинки, училишта и јавни претпријатија).

Управните и надзорните одбори директно влијаат врз функционирањето на клучни јавни услуги, што ја зголемува тежината на овие одлуки. Бидејќи именувањата ги гласаат избраните советници, постои директна политичка одговорност, а влијанието врз јавниот интерес е значително.

Според јавно достапни информации и медиумски извештаи, овие именувања се вршат без објавени биографии и без транспарентна постапка.

Категорија: транспарентност, отчетност

Оценување на политичкиот интегритет:  -1 СЕНКА

Повеќе медиумски извештаи укажуваат на повторлива пракса на нетранспарентни именувања, без основни информации за избраните лица и без јасна аргументација за нивната компетентност.

Ова упатува на слабости во примената на принципите на транспарентност и отчетност при управување со јавните институции.

Според методологијата на Индексот на политички интегритет, овој случај соодветствува на категоријата „Сенка“ со вредност –1.

Клучни аргументи

Клучните аргументи се базираат на јавно достапни информации и медиумски извештаи.

  • Советот на Град Скопје именувал 117 членови во управни одбори, при што за дел од нив не биле доставени биографии до советниците, што го ограничува јавниот увид во нивната стручност и релевантност за функцијата.
  • Дополнително, во управните одбори на градинките и средните училишта биле именувани 88 лица без јавно достапни информации за нивната професионална позадина.
  • Ваквата пракса создава ризик од именувања врз основа на политичка припадност или клиентелизам.
  • Слични практики се забележуваат и на ниво на други општини, што укажува на можен поширок, системски модел.
  • Нетранспарентноста ја ограничува можноста за јавна контрола и отчетност кои директно влијаат и на довербата на граѓаните во институциите, и конечно го намалуваат интегритетот на истите.

Препораки:

Со цел да се заштити интегритетот на институциите и да се спречи понатамошно нарушување на довербата на јавноста се препорачува:

Заклучок

Именувањата  во управни и надзорни одбори без јасни критериуми и без јавен увид во квалификациите на кандидатите го ослабуваат системот на добро управување.

Ваквите практики не само што го ограничуваат јавниот надзор, туку создаваат и перцепција на политизација и клиентелизам,  што го нарушува интегритетот на институциите и довербата на граѓаните.

Во рамки на Индексот на политички интегритет, овој случај претставува „Сенка“ – сигнал за потреба од системски подобрувања.

______________________________________________________________________________

Документот е подготвен од Форум за разумни политики (ФРП) како дел од нашата долгорочна работа на развој и одржување на Индексот за политички интегритет. Анализата се темели на јавно достапни податоци во медиумите и утврдени критериуми на индексот.

[1] Методологија на „Индекс на политички интегритет“

 

Related posts

Заклучен идентитет

admin

Здравството 2026 – од темели до систем што планира, превенира и штити

admin

Провладини апологети со анатема за БРИКС

admin

Здравство кое зборува на еден јазик

admin

Мојот другар Богдан

admin

Кои се “нашите карти”?

admin