35.8 C
Скопје
24 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Азир Алиу тргнува во реформа на Брзата помош: Целта е побрз одговор и повеќе спасени животи

Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за Итна медицинска помош во Скопје, како дел од реформите во здравствениот систем насочени кон подобрување на итниот медицински одговор и намалување на времето потребно за интервенција.

Предлогот е поднесен од Министерството за здравство, кое оценува дека новиот модел ќе овозможи поефикасен и поодржлив систем за итна медицинска помош, како и подобрување на капацитетите за спасување човечки животи.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека издвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа чија цел е зајакнување на организациската и оперативната самостојност на службата.

„Со формирањето на Центар за Итна медицинска помош ќе се овозможи поефикасно управување со ресурсите, посебно буџетско планирање, побрзо донесување одлуки и подобрување на одговорот на итните повици“, изјави Алиу.

Според него, реформата не претставува создавање нов систем, туку институционално зајакнување и модернизација на постојната организација, со цел подобро планирање на ресурсите, инвестициите и кадровскиот развој.

Во првата фаза е предвидено Итната медицинска помош во Скопје да биде издвоена како самостојна институција. Во следниот период постепено ќе се интегрираат и останатите служби во рамките на идниот Центар за Итна медицинска помош.

Од Министерството за здравство посочуваат дека реформата се темели на искуствата од земјите во регионот, каде што итната медицинска помош функционира како независна институционална структура.

Според надлежните, ваквиот модел овозможува подобра координација на медицинските тимови, поефикасно користење на ресурсите и воспоставување единствени стандарди за работа и професионален развој.

Министерството очекува новиот центар да помогне и во решавањето на долгогодишните кадровски и организациски проблеми во службата, со крајна цел создавање побрз и поефикасен систем за итна медицинска помош за граѓаните.

Related posts

ИНФОГРАФИК Мажите најкратко живеат, годините на КОВИД-19 со поголем број на умрени

admin

Њујорк Тајмс: Владата на Нетанјаху претставува опасност за Евреите ширум светот

admin

Пред Денот на Армијата, Мисајловски со најава: Повисоки плати и подобри услови за војниците

admin

СДСМ алармира: 700 милиони евра долг за три месеци – државата оди кон бездна?

admin

Пендаровски ја доби поддршката на СДСМ за втор мандат

admin

„Целосна воздушна доминација“: Израел ги урива иранските ракети, Техеран се соочува со масовна евакуација!

admin