27.8 C
Скопје
23 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Нов модел за Западен Балкан? Незири вели дека следува интеграција „на рати“

Постепената интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија претставува прагматично решение во услови кога процесот на полноправно членство сè почесто се соочува со политички блокади, оцени политичкиот аналитичар Џелал Незири во емисијата „Директно“.

Според него, моделот на градуална интеграција би им овозможил на земјите кандидати постепено да ги користат придобивките од членството, додека прашањето за целосно учество во процесот на одлучување би останало за подоцнежна фаза.

„Станува збор за градуална, односно интеграција на рати на земјите од регионот. Тоа е паметен потег бидејќи стана јасно дека полноправното членство може да биде невозможно поради историските спорови и можноста новите членки да го користат правото на вето“, изјави Незири.

Тој посочи дека искуството на Северна Македонија со спорот со Грција и последователните бугарски барања покажува како земјите членки можат да ја користат својата позиција за наметнување национални интереси. Според него, слични ризици постојат и во други делови од регионот.

Незири смета дека постепената интеграција би овозможила земјите од Западен Балкан порано да ги користат четирите основни слободи на ЕУ – слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

„Граѓаните би можеле да ги почувствуваат придобивките од Европската Унија уште пред полноправното членство“, рече тој.

Во истата дебата, поранешниот амбасадор во НАТО Нано Ружин оцени дека Европската Унија се обидува да најде нов модел за проширување по геополитичките промени предизвикани од војната во Украина.

Според Ружин, судирот меѓу традиционалниот пристап заснован на Копенхашките критериуми и геополитичкиот пристап кон Украина и Молдавија создал фрустрации кај земјите од Западен Балкан и ја поттикнал Унијата да бара алтернативни форми на интеграција.

„Постепеното интегрирање покажува дека постои желба за нови членки, но истовремено претставува техничка алтернатива за надминување на застојот во процесот на проширување“, изјави Ружин.

Тој додаде дека за Северна Македонија секое понатамошно приближување кон ЕУ останува поврзано со исполнување на преземените обврски, вклучително и уставните измени, додека постепеното вклучување во европските политики и институции би можело да овозможи побрзо користење на придобивките од интеграцијата.

Related posts

Незири: ДУИ жестоко ќе делува, но нема да предизвика дестабилизација!

admin

Административците прифатија договор со Владата за раст на платите од 8% годишно

admin

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ОДЛУЧИ – ВЛЕГУВА ВО ВЛАДА

ninja

„Нула“ против „затвор“: Мицкоски и Филипче во најжесток политички судир досега

admin

ЕУ отвора нов дипломатски фронт: Науката станува оружје во глобалната трка за влијание

admin

ОТВОРЕНА РЕЗЕРВА КОН „ОТВОРЕН БАЛКАН“

ninja